ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Деспотовски: Првите е.GО автомобили од македонско производство се очекуваат во 2024 година

August 14, 2022 20:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со новиот концепт на ТИРЗ воведовме механизми за заштита на јавниот интерес. Апсолутно сите клиенти, и потенцијални и актуелни, поминуваат низ процес на детална проверка. Ангажираме меѓународна ревизорска куќа која во првичниот извештај за оваа компанија не индицираше никаде сериозен ризик. И самиот договор кој што го потпишавме вчера содржи заштитни клаузули. Доделувањето на државната помош зависи од динамиката со која инвеститорот ќе ја реализира инвестицијата и, секако, од исполнување на условите предвидени со договорот. Компанијата нема да добие пари однапред туку има конкретни рокови и датуми кои треба да се испочитуваат, вели Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ,  во врска со договорот кој вчера беше потпишан со германската компанија „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ која ќе инвестира во фабрика за производство на електрични автомобили.

Тој во вестите на Канал 5 напоменува дека државната поддршка ќе биде реализирана во наредните пет години и како што, нагласува, државата има механизми да го заштити јавниот интерес. Деспотовски посочи дека првите е.ГО автомобили од македонско производство се очекуваат во 2024 година.

-Фабриката за електрични автомобили во Тетово ќе почне да се гради на есен, а според договорот пробното производство се очекува во 2024 година. Тоа е целта која што инвеститорот согласно деловен план и потпишаниот договор од вчера има обврска да ја исполни, најави Деспотовски.

Посочува дека се работи за компанија која е тесно поврзана со техничкиот Универзитет во Ахен кој е во топ два проценти од светските Универзитети по сите глобални рангирања.

Инвестицијата на компанијата во Тетово е 130 милиони евра, а предвидено е отворање на 900 нови работни места, како и бруто плати, што во просек достигнуваат 2,5 пати над просечната во државата. Државната помош нема да надмине 35 отсто од вкупната инвестиција, а доделувањето на средствата зависи од динамиката на реализација на инвестицијата и исполнување на условите предвидени со договорот.

Компанијата нема да користи даночни ослободувања, туку во целост има обврска истите да ги плаќа кон Буџетот и јавните фондови на државата. Овој модел на државна поддршка е усогласен со регулативата во ЕУ, а е подеднакво достапен за сите странски и домашни компании.

Next Post

Бесими: Намалувањето на сивата економија е суштинска компонента на даночните реформи и економскиот раст

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Брвеница: Ние како Влада со ист критериум инвестиравме во сите општини, така се гради соживот

October 26, 2025

Филипче: Трајановски е јасен избор за напредок, Аеродром заслужува повеќе

October 26, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Гест што Холивуд не го заборава: Џорџ Клуни им подари по милион долари на своите пријатели

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk