ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ССМ повикува на голем протест на 28 јануари: Ова е протест за платата и достоинството на работниците

January 25, 2026 20:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави голем работнички протест што ќе се одржи на 28 јануари 2026 година во 17:00 часот во Скопје, со главно барање зголемување на работничките плати и на минималната плата на 600 евра.

Протестот ќе започне пред Работничкиот дом, по што ќе продолжи пред Собранието, Стопанската комора и Владата.

Во отворено писмо до работниците, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порачува дека протестот не е симболичен, ниту изборен, туку директна реакција на економската состојба и ниските плати.

„Овој протест е за твојата плата, затоа што истата не стигнува од први до први, а кој да протестира за твојата плата ако не прво ти, па сите ние заедно“, наведува Трендафилов.

„Со ниски плати не се живее, туку се преживува“

Од ССМ обвинуваат дека работниците се потценети и понижени и од работодавачите и од власта, кои, како што се наведува, имаат заеднички интерес платите да останат ниски.

„На едните им е важно со ниски плати да им го создавате капиталот, а на другите им е важно со ниски плати да ги гласате. Сиромашен народ, но послушен народ“, се вели во писмото.

Синдикатот предупредува дека ниските плати директно придонесуваат за иселување на работоспособното население и цели семејства од државата.

Разлика меѓу платите на функционерите и работниците

ССМ остро реагира и на, како што наведуваат, драстичната нерамнотежа меѓу платите на работниците и зголемувањата што ги добиваат функционерите.

„Неправдата значи 250 евра зголемени плати за нив и 78 проценти зголемени плати на избраните и именуваните, додека повеќе од 200.000 работници земаат плата под 31.200 денари, односно под прагот на сиромаштија“, истакнува Трендафилов.

Од синдикатот додаваат дека Владата не планира зголемување на платите во јавниот сектор – армијата, полицијата, управата, правосудството и културата – а во здравството и образованието предвидува само минимално усогласување.

„Протестот е само почеток“

ССМ обвинува дека работодавачите одбиваат зголемување на платите за да не се откажат од профитот и луксузот, а истовремено се залагаат за увоз на евтина работна сила од странство.

„Овој протест е затоа што сметаат дека не ви е потребно зголемување на платата, затоа што не барате. Ако не барате, тие мислат дека ви е доста“, наведува претседателот на ССМ.

Трендафилов порачува дека протестот не е крај, туку почеток на поширока синдикална борба.

„Овој протест е само почеток, доколку не ги зголемат платите и доколку продолжат да го газат достоинството на работниците“, порачува тој.

ССМ апелира работниците да се приклучат на протестот, нагласувајќи дека за време на протестната прошетка ќе биде обезбеден коридор за итни случаи.

Next Post
Анаис хороскоп, Македонија, Битола Широк Сокак

Дневен хороскоп со Анаис - 26 јануари 2026

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk