ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонисти од 17 земји ќе учествуваат на Летната школа на МСМЈЛК во Охрид

August 15, 2022 19:11
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Шеесет странски македонисти и слависти од седумнаесет држави ќе учествуваат на 55. Летна школа на  Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) која од 17 август до 2 септември  ќе се одржува во Охрид.

МСМЈЛК соопшти дека во споредба со изминатите години, на годинашната Летна школа има најголем број семинаристи, кои доаѓаат од универзитетските центри од Австрија, Германија, Грција, Италија, Полска, Република Кореја, Романија, Руската Федерација, Соединетите Американски Држави, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешката Република.

Меѓу семинаристите се и универзитетски професори, значајни истражувачи од славистичкиот свет – лингвисти, книжевници и културолози и книжевни преведувачи, но и млад кадар. Програмата на Летната школа се очекува да им овозможи нови видици и да ги поттикне на нови истражувачки потфати за македонистиката, опфаќајќи и сегменти од македонската култура коишто претходно не биле дел од програмските содржини на школите на МСМЈЛК при УКИМ, наведува организаторот.

Програмата опфаќа голем број предавања од домашни и странски македонисти и неколку промоции на изданија, а меѓу програмските содржини ќе бидат и одбележување на јубилејните годишнини од раѓањето на Гоце Делчев (150 години) и на Горан Стефановски (70 години). 

Покрај предавањата, семинаристите на Школата ќе следат и лекторска настава и веќе се организирани лекторски групи за сите нивоа на познавање на македонскиот јазик – почетно, средно и напредно, и тоа напредно со две поднивоа, за јазик, и за литература. Наставата за групите ќе ја изведуваат лектори коишто ќе го вложат сопствениот максимум во пренесувањето знаења на странските слависти и македонисти – проф. д-р Борче Арсов, доц. д-р Гордана Алексова, доц. д-р Бобан Карапејовски, доц. д-р Бојан Петревски, м-р Иван Антоновски и м-р Марија Пандева, соопшти МСМЈЛК.

На Школата ќе биде организирана и преведувачка работилница, а за семинаристите кои се интересираат за македонскиот фолклор, на Школата ќе се одржи и курс по македонски ора. Првпат во рамките на школите на Семинарот, внимание ќе биде посветено на македонската мода и македонскиот моден дизајн како составен дел од македонската култура, како и предавање за интермедијалните проникнувања на современата македонска книжевност со сликарството и музиката. Семинаристите на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ ќе бидат специјални гости и на 34. издание на  манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“

Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура свечено ќе биде отворена в петок, 19 август, во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид. Најавени се  обраќања  на претседателот на државата Стево Пендаровски, ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, и  директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Школата ќе биде затворена со завршна средба на 2 септември. На 4 и 5 септември 2022 во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе се одржи и 49. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ.

Next Post

Надал за првиот турнир по Вимблдон: Не можам да очекувам да играм на неверојатно ниво од самиот почеток

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk