ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Цар Самоил и Светите Кирил и Методиј злоупотребени за ширење дезинформации и поттикнување омраза

August 17, 2022 20:45
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Насловот објавен на порталот Expres.mk тврди дека некој прогласил победа затоа што „царот Самоил и Кирил и Методиј се Бугари“: „Бугарската платформа „Национален круг за Македонија“ прогласи „победа“ – „царот Самоил и Кирил и Методиј се Бугари“!“

Меѓутоа, иако во насловот стои изразот „Бугари“, во написот од Expres.mk (кој се повикува на „Дојче веле“) воопшто не се среќава зборот „Бугари“, туку следново толкување на неколку бугарски историчари:

„Цар Самоил е бугарски цар. Учениците на Кирил и Методиј на покана на кнезот-покрстител Борис-Михаил го шират нивниот збор низ бугарското царство. Преслав и Охрид се бугарски книжевни центри. Сето тоа треба да биде запишано во учебниците на децата во Р*М.“ – се вели во изјавата на бугарската платформа” .

Значи, Expres.mk не цитира став од објавените препораки на Историската комисија, туку толкувања на група бугарски историчари, дел од Бугарската платформа „Национален круг за Македонија“.

Ако провериме дали овие толкувања имаат фактичка основа во она што е запишано во објавените препораки, доаѓаме до следните заклучоци:

  • Во објавените препораки воопшто не се среќава изразот „Бугари“. Следствено, сите тврдења или манипулации дека некој се согласил дека „царот Самоил и Кирил и Методиј се Бугари“ немаат фактичка поткрепа.
  • Во објавените препораки воопшто не се среќава толкувањето „Цар Самоил е бугарски цар“ (се спомнува само „бугарскиот цар Симеон“). Во препораките стои „Цар Самоил е владетел на голема средновековна држава, којашто поголемиот дел од современата историска наука ја смета за Бугарско царство со центар во територијата на денешна Република Северна Македонија“. И за македонската историска наука не се нови определбите за државата на Самоил како „Бугарско царство“. И во „Македонска Енциклопедија“ на МАНУ за Самуил пишува дека „во изворите најчесто се именува како бугарски цар, а неговата држава како Бугарско Царство“. И во зборникот на МАНУ и ИНИ „1000 години од битката на Беласица и смртта на Цар Самоил“ е објавено дека „во историографијата се оформил доста широк консензус (макар и не целосен) во однос на формата – бугарско царство“ (Стојко СТОЈКОВ, ЦАРСТВО, ЕТНИЦИТЕТ, НАСЛЕДСТВА, ИНТЕРПРЕТАЦИИ). Во истиот зборник пишува и дека „самите негови творци го нарекувале бугарско“: „Идеолошки, Самоиловото Царство било поврзано со старото Бугарско Царство, така што и самите негови творци го нарекувале бугарско.“ (Mилан, БОШКОСКИ, ЦАР САМОИЛ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА И ТРАДИЦИЈА).
  • И другите тврдења на бугарските историчари се пристрасни толкувања, а не цитирања на објавените препораки.

Во случајов, пристрасни толкувања на бугарски историчари беа искористени за ширење дезинформации и за распламтување на националистички страсти.  Толкувањето на препораките на начин што им се придодаваат изрази, кои воопшто не се среќаваат во нив, не е својствен само за некои бугарски историчари, туку и за некои македонски новинари и политичари, кои исто така шират дезинформации се обидуваат да распламтуваат националистички страсти.

На пример, следниве толкувања немаат фактичка поткрепа во објавените препораки: „… дури и децата во Хрватска, во Словачка и во други словенски држави би требало да учат дека просветителската мисија на Кирил и на Методиј и на нивните ученици е „бугарски проект“.“

Никаде во препораките не се среќава изразот „бугарски проект“, а и обвинувањата за „побугарчувањето на Кирил и Методиј“ немаат основа во објавените препораки. Дезинформации се и тврдењата дека комисијата прифатила дека Кирил и Методиј потекнувале и „твореле во средновековна Бугарија“.

Бројните дезинформации, шпекулации и тенденциозни толкувања на објавените препораки не беа искористени само за кревање паника, туку и за натамошни обвинувања за „национално предавство“, и за поттикнување на омраза (кон „северџанобулгарите“)  и кон „предавниците“ на социјалните мрежи.

Извор: ИМА

 

Next Post

Студија на универзитетот Рутгерс: Повеќе од 5 милијарди луѓе би умреле од глад по евентуалната нуклеарна војна меѓу САД и Русија

Shortcut

Најново

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

Тага за сѐ што е живо

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk