Од септември покачување на платите во одбраната, полицијата, образованието и детската заштита, соопштуваат од СДСМ.
„Со неодамна донесениот Закон за служба во Армијата се обезбедени дополнителни придобивки за војниците и вработените во одбраната, а платите во овој сектор од септември ќе се зголемат просечно по 2.000 денари. Од истиот месец следува покачување на платите на вработените во образованието и детската заштита, додека платите во Министерството за внатрешни работи ќе се зголемат за пет отсто“, велат од СДСМ.
Оттаму истакнуваат дека со новата методологија за усогласување на пензиите, следува и рекордно зголемување на пензиите за над 320.000 пензионери.
„Вложувањето во човечкиот капитал, грижата за граѓаните остануваат врвен приоритет за Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ. И во време на глобална економска криза остануваме посветени на мерки и политики кои обезбедуваат повисок животен стандард и повеќе пари во секое семејство“, се наведува во соопштението од СДСМ.