Локалните избори во Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Тетово завршија успешно и со голема излезност, се вели во вечерниот извештај на ЦИВИЛ објавен на медиумската платформа на организацијата, Цивил Медиа.
Набљудувачите на ЦИВИЛ во Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Тетово јавуваат за мирен изборен ден, без инциденти. Тие оценија дека првиот дел од денот поминал тивко, со мала излезност, но гласачите во поголем број го остварија своето гласачко право во текот на втората половина од денот.
„Денот беше тензичен, но помина во позитивна атмосфера“ – напиша еден од набљудувачите во интерната комуникација на ЦИВИЛ.
Набљудувачите на ЦИВИЛ не беа акредитирани за посета на избирачките места, туку спроведоа мониторинг на состојбата на теренот.
До организацијата пристигнаа десетина повици и пораки од граѓанки и граѓани во кои тие претежно известуваа за кршење на изборниот молк со партиска пропаганда и говор на омразата на социјалните мрежи, но не пријавија изборни нерегуларности или инциденти.
ЦИВИЛ им го честита успешниот изборен ден на сите граѓанки и граѓани на општините во кои се одржаа локалните избори, како и на сите учесници во изборната трка.
Во извештајот се цитираат и податоци од ДИК. Целиот текст на овој линк.