Во еден од извештаите на набљудувачите на ЦИВИЛ од Маврово и Ростуше во 12 часот, се јавува дека изборниот ден тече мирно и без проблеми, јавуваат од прес центарот на организацијата.
Мониторингот на ЦИВИЛ бележи поголема раздвиженост на гласачите отколку претходните два пати кога, поради недоволна излезност, локалните избори беа неуспешни.
„Иако се чувствува извесна напнатост, изборниот ден е мирен и без инциденти“ – се вели во извештајот на набљудувачот од оваа општина.
Зголемениот број на гласачи се должи на присуството на дијаспората.
„Неизвесен е исходот од изборниот ден, бидејќи не се знае како ќе гласаат нашите сограѓани од дијаспората, бидејќи тие не се директно опфатени од кампањите на политичките партии чии кандидати се натпреваруваат за довербата на гласачите на Маврово и Ростуше“ – јавува набљудувачот на ЦИВИЛ.
Повеќе на овој линк.