Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва во Ростуше прогласи уште една, двојна победа на вонредените локални избори честитајќи му на кандидатот на СДСМ, Медат Куртовски за изборот за градоначалник.
„Маврово и Ростуше масовно и достоинствено гласаше за Медат Куртовски и европската коалиција предводена од СДСМ. 3.238 гласови наспроти 1.900 гласови се потврдата дека Медат одлично си ја врши својата работа последниве 4 и со уште поголем елан продолжува да ја води општината и во следните 4 години, во интерес на граѓаните. Ви благодарам за поддршката и за укажаната доверба и ви честитам и вам и на Медат за изборот за градоначалник.“ рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ додаде дека ова е прва изборна победа откако е претседател на СДСМ и откако ја предводи владејачката, европска коалиција.
„Драги сограѓани, денеска покажавте дека во тешки времиња знаете да препознаете вистински политики и знаете да препознаете кој работи за граѓаните. Не само во Маврово и Ростуше, туку и во Центар Жупа победи европскиот концепт на владината коалицијата! Денеска имавме избори во две општини и во двете победија кандидати на нашата коалиција. Ова е прва победа откако јас ја предводам оваа европска коалиција, и значајна е затоа што покажува и ги потврда исправните, вистински политики. Почитувани граѓани, испратена е јасна, гласна и силна порака: Европска Македонија е единствениот апсулутен победник на овие избори денеска“ – рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во вечерашното обраќање.