РИБАРО
Зијадин Села после дебаклот на изборите во Тетово поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Алијанса за Албанците. По вчерашнаиот прес каде ја најави оставката, извори на АХА од седиштето на Алијансата, јавуваат дека Села имал телефонски разговор со Мицкоски во кој го повикал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да го следи неговиот пример.
Друже, што чекаш, собирај парталите, не се брукај, му рекол Села на Мицкоски во телефонскиот разговор.
Села: Дебакл доживеавме и фер е да си признаеме. Најмалку што можеме е да ги ослободиме партииве да си тераат еден друг живот, а ние да си уживаме во политичката пензиичка. Ако е за доста, доста је било.
Мицкоски: Види Зијадине, јас пораз нит сум признал некогаш, нит ќе признаам сега. Признавање на нешто очигледно е лузерски чин, не доблест. За тебе не знам, мене така тато ме учеше дома.
Села: Ти си знаеш, Мицко.
Мицкоски: Башка, нели ги виде анкетине колку сме во водство. Два према еден пердашиме. Дробиме сè пред себе.
Села: А, бе, човек, ги гледаш ли резултативе од избориве? Кого мислиш да правиш на будала бе Мицко со тоа фингираните анкети. Ти се мавнаа од глава, а ти упорен си убеден во сопствените лаги. Те прочита народот.
Но, како што реков, голем си, си знаеш.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK