ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Клинчаревски: Најголем проблем на Шуто Оризари е интегрираниот и кабаст отпад

August 22, 2022 19:00
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Најголем проблем е интегрираниот отпад. Исто така и кабастиот отпад. На пример, има акција од Општината да се собере, со локација, известени се станарите, а камионите си одат празни. Наредниот ден на истото место се фрла тој отпад и ние како општина мора да го собереме. Имавме предлог до Град Скопје, кабастиот отпад да се собира двапати месечно. Од друга страна ние немаме средства и камиони да го носиме тој отпад во Дрисла. Меѓутоа град Скопје и комунална хигиена имаат еден, два камиона и еден багер. Колку пати сме  барале да го донесат тој багер да расчистиме, тие велат задолжени се само за комунален отпад. Ние сме приморани некогаш тоа сами да го правиме и да одвојуваме средства за да ја расчистиме таа депонија“, изјави Георги Клинчаревски, раководител на Одделение за урбанизам, животна средина и комунални дејности на панелот на Зелен ЦИВИЛ на тема „Отпад, регулација на отпад, состојби и решенија“

„Еколошката свест на населението е на ниско ниво. На нив им е полесно да најдат некој малолетник. Кантите со отпад, да ги фрлат во кола со коњи и тоа дете ги носи некаде. Малолетник, а според Законот за малолетници ние не смееме да интервенираме. Треба да има старател, не можеме него да го казниме. Исто и полицијата.  Има и такви случаи кои ние не можеме да ги решиме“, додаде Клинчаревски.

Клиначервски зборуваше и за Брсјачка буна, улица во Шуто Оризари, каде до неодамна граѓаните живееја во екстремно лоши услови.

„Состојбата во Брсјачка буна е на пат да се подобри многу е подобрена. Таа и уште две други улици се најдолгите во Шуто Оризари. Тоа е густо населена улица која немаше фекална канализација, т.е. имаше стара со Ф200 која не можеше да собере и уште полошо беше кога врне дожд, од неа извираа фекалиите. Благодарение на Министерство за транспорт и врски и МЖСПП во дел од таа улица се направи фекална канализација Фи400. Уште 285 метри останаа таа канализација да се поврзе со селото Горно Оризари, кое имаше исто септички јами кои ја загадуваа природата. Во прва прилика кога ќе собереме средства ќе ја средиме  фекалната канализација. Исто така, немаше и атмосферска канализација, но со пренамена на средства наменети за аеродромот што требаше да се гради во Штип, ја направивме. Аплициравме и во Бирото за регионален развој за да ја завршиме целата реконструкција. Дел од отпадот во Брсјачка буна се собира секојдневно“, објасни Клинчаревски.

„Ако на Запад има три канти за селектирање на отпад, кај нас се рече дека секое домаќинства ќе има по две канти, а уште сме на една канта каде сиот отпад го фрламе.  Решението по мене би било, освен едукација на населението е да се направат регионалните центри за депонирање со потребната инфраструктура и тој соодветно да се рециклира“, рече Клиначревски.

Извор: Зелен Цивил

Next Post

(ВИДЕО) Минчева: Селектирањето и рециклирањето на отпад е проблем за секоја општина

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk