ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Јаневски: „Отворен Балкан” создава пазар од 11 милиони домашни туристи

August 26, 2022 12:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски очекува годинава да биде заокружена со зголемен број на туристи и ноќевања, како и со раст на девизниот прилив.

Според него, позитивните резултати се веќе видливи.

Статистичките податоци покажуваат дека бројот на туристите во периодот јануари – јуни 2022 година е зголемен за 75 проценти во однос на истиот период лани. Кај домашните туристи зголемувањето е 25,4, а кај странските 131,3 отсто. Раст има и кај ноќевањата за 66,3 отсто или кај домашните за 29 проценти, а кај странските за 109,2 отсто, рече Јаневски на прес-конференција на која ги презентираше Стратешкиот план и Програмските активности на Агенцијата за 2023 година.

Тој потсети дека вкупниот девизен прилив во 2020 година изнесуваше 252,05 милиони долари и споредбено со 2021-ва кога беа остварени 385,04 милиони долари, евидентиран е раст од 52,76 отсто.

Очекувањата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2022 година се дека ќе има регистриран раст во поглед на бројот на туристи и ноќевања, како и раст на девизниот прилив по основ на туризам, напомена Јаневски.

АППТ најавува многу нови проекти, национална кампања на Јутјуб и Гугл, туристичко брендирање на земјава како дестинација, патно означување на туристичките атракции, брендирање на граничните премини, дигитализација, како и градење на платформата Е-туризам.

Како што рече денеска директорот на АППТ Љупчо Јаневски, напорите се насочени кон создавање нов концепт на туризмот со прераснување на Агенцијата во национална туристичка организација (НТО) и креирање услови за третирање на туризмот како во земјите од „Отворениот Балкан” и Европа –  на ниво на министерство, со зголемени ингеренции во делот на формирање туристичка инспекција и туристичка полиција.

Реорганизацијата, смета Јаневски, ќе овозможи креирање законски подобрувања, нивно имплементирање и конкурентност со земјите од „Отворен Балкан” кој создава пазар од 11 милиони домашни туристи.

Извор: МИА

Next Post

Костовски: Нови мерки, стабилен енергетски сектор и субвенционирање на цената на струјата во пресрет на најтешката зима

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk