Тајван и предаде на Украина серија од 800 беспилотни летала бомбардери со краток дострел Revolver 860, пренесува Укринформ повикувајќи се на Билд.
„Тајван и предаде на Украина 800 дронови Revolver 860“, се вели во извештајот.
Дронот е способен да носи до осум мини од 60 милиметри или муниција од друг калибар, фрлајќи ги еден по еден по команда.
Кога е целосно наполнет, дронот може да прелета до 20 километри во рок од 40 минути.
Властите на Норвешка и Велика Британија, како што најави Украинформ, заеднички ќе купат норвешки микро-дронови Black Hornet, во вкупна вредност од 90 милиони NOK (9,3 милиони долари), кои ќе и бидат испорачани на Украина. Парите ќе се соберат преку фонд предводен од Британија, во кој Норвешка придонесе со 400 милиони круни.
Дронот, развиен во Норвешка, е лидер во својот сегмент. Го користат голем број сојузници на НАТО, вклучувајќи ги САД и Велика Британија. Дронот се користи за извидување и идентификација на целта.
Подготви: Ј. Ѓ.





