ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Бочварски: Започнуваме со реализација на цевковод за водоснабдување во општина Новаци

August 29, 2022 14:48
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како централна власт продолжуваме да инвестираме значајни средства во локалните самоуправи, даваме поддршка на сите општини за реализација на инфраструктурни проекти со кои директно го подобруваме квалитетот на живот на граѓаните, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски од Новаци, каде денеска започнуваат градежните работи за изведба на цевковод за водоснабдување на населените места Бач и Живојно.

Тој потенцираше дека станува збор за голем комунален проект чија целосна проектна документација и проектирање е изработено од страна на Министерството за транспорт и врски и опфаќа повеќе фази.

Со овој проект во прва фаза се опфаќа изградба на доводни цевководи, заедно со пумпни станици и доградба на резервоарот за населените места Бач и Живојно. Рокот за изведба на проектот е 6 месеци.

„Денеска сме наоѓаме тука во Бач каде започнуваме со градежни активности за изградба на цевковод за водоснабдување на населените места Бач, Брод, Живојно и Добровени. Проектот е комплетно проектиран во Министерството за транспорт и врски и денеска започнува реализацијата на првата фаза. Инвестираме средства во висина од 27,5 милиони денари, од кои 26,2 милиони денари се преку буџетот на Министерството, а и општина Новаци учествува со свои средства во висина од 1,3 милиони денари. Како поранешен градоначалник знам колку е битна поддршката од централната власт, особено за вакви крупни инфраструктурни проекти кои решаваат значајни прашања за локалното население.“ – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Градоначалникот Стевановски истакна дека ова е голем настан за општина Новаци, бидејќи започнува реализацијата на проект кој решава голем проблем со водоснабдувањето на локалното население.

Тој изрази благодарност до министерот Бочварски и Министерството за транспорт и врски за поддршката што ја добива општината и потенцираше дека со заедничка координација реализацијата на овој проект ќе се заврши во предвидеинот рок и ќе овозможи развој на околните населени места.

Министерот Бочварски исто така информираше и за уште еден важен проект за регионот кој започнува со реализација, а тоа е реконструкцијата на регионалниот пат Битола – граничен премин Меџитлија.

Договорите со фирмите изведувачи се потпишани, тие се веќе воведени во работа и во овој момент на терен течат подготвителните активности.

Градежната офанзива продолжува низ целата земја, и покрај последиците од светските кризи кои се чувствуваат и во нашата земја се работи скоро во секоја општина, активно и во континуитет се реализираат сите започнати проекти.

 

 

Next Post

Со уличарски манири во јавниот говор како набој за враќање на власт

Shortcut

Најново

Александар Зверев го скрши проклетството: Конечно Грен слем шампион со триумф на Ролан Гарос!

June 7, 2026

32 Конгрес на СДСМ: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

June 7, 2026

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид

June 7, 2026

Филипче: СДСМ е таму каде што му е местото – на страната на народот, на работникот и младите

June 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk