ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Дезинформација е дека рудниците во Радовиш нема да работат поради високите цени на струјата

August 29, 2022 18:00
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

На Твитер се шири дезинформација дека рудниците во Радовиш се затвараат поради високите цени на струјата. Оваа дезинформација ја објави твитер налогот Раинконен, и има 70 споделувања, над 250 допаѓања и десетина коментари. Помеѓу споделувачите на оваа дезинформација е и членот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Оваа дезинформација оркестрирано се шири од Твитер профили кои се поддржувачи на опозицијата. Најголемиот дел од коментарите се за добивање на политички поени, или ширење на етничка нетрпеливост. Ви пренесуваме дел од коментарите кои се напишани при споделување на дезинформацијата:

„Таа е агендата на калето и стратешките (не) пријатели“. „Жално… Што чекаме народе!?“. „Гајле му е на нашите власти (читај Албанците) за Радовиш, радовишани и било која друга мк фирма. Битно нивните бизниси да цветаат, ама толку се глупи што не сфаќаат дека кога цел тој народ ќе остане без работа и плата к*р ќе се купува и тргува. Ама пак тие си се нафатирани!“. „СДССМ треба занавек да се забрани, да непостои!“, „Дојде живот со Таче Ќурката“…

Вистината е дека од 1 септември годинава рудниците Бучим и Боров Дол ќе прекинат со процесот на производство на определен период во кој е планирано да се направи целосна замена на флотомашините во рудникот Бучим со нова опрема, која што е дизајнирана и изработена од светски реномираната компанија Метсо Оутотек, и да се изгради фотонапонска централа за производство на електрична енергија, со што ќе се постигне намалување на зависноста од цената на електричната енергија на отворениот пазар.

Проектот за модернизација започна да се реализира уште од септември 2021 година, притоа, во наредниот период се очекува испораката на опремата, велат од компанијата и нагласуваат дека уште од јануари годинава започнале со активности за изградба на фотонапонска централа.

Во текот на привремениот прекин со производство, од раководството посочуваат дека вработените ќе бидат платени согласно законските прописи, при што дел од вработените ќе бидат задолжени за тековното одржување на опремата, а во текот на инвестициските зафати, вработените ќе бидат дополнително ангажирани зависно од потребата.

Извор: ЦивилМедиа

Next Post

Клоп ја забележа најголемата победа во својата тренерска кариера

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk