ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Конфликтот во Украина и намалување на последиците од кризата – приоритети во претседавањето со ОБСЕ

September 1, 2022 13:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Светот повторно е соочен со најголем предизвик. И ОБСЕ е во очи на бурата на тековната агресија на една држава учесничка над друга. Агресијата на Руската Федерација против Украина е неоправдана и погрешна. Тоа е флагрантно кршење на Повелбата на ОН, основните премиси на меѓународното право, а пред сè вредностите на хуманоста. Оваа војна ги нагризува и темелите на ОБСЕ, чија визија како центар на меѓуконтинентална безбедносна соработка, е сериозно тестирана. Како претседавач со организацијата во 2023 година конфликтот во Украина и намалување на далекусежните последиците од кризата ќе биде наш висок приоритет.

Ова го истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи, во своето излагање пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, претставувајќи ги приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со организацијата во 2023 година.

– Двата критични двигатели, дијалогот и консензуалното одлучување, чија цел е мирна соработка и одржливост, се настрана. Ова ги парализира средствата на нашите организации и ги заглавува нивните процеси, додавајќи, во исто време, дополнителна неизвесност и непријатност низ регионот на ОБСЕ и пошироко, дури и доведувајќи ја во прашање нашата иднина како организација, рече Османи.

Тој посочи дека ОБСЕ и нејзините земји-учеснички со години инвестираат во градење доверба, институции и механизми; инсистирање на дијалог, на моменти досадни, а сепак многу потребна алатка за надминување на споровите, токму довербата и соработката беа меѓу првите жртви на оваа агресија.

– Веќе повеќе од шест месеци се избираше сила наместо дипломатија. Духовите на историјата ја зазедоа мултилатералната сцена, доминирајќи на глобалните агенди, истовремено оптоварувајќи ја работата на меѓународните организации. И нашите, во ОБСЕ. Во оваа сложена позадина, Северна Македонија треба да го преземе претседавањето во 2023 година, рече Османи.

Сегашната состојба на игра е, вели, мрачна, а она што престои е загатка, а прашањето како да се води организација со буџетски проекции за 2023 година, додека буџетот за 2022 година сè уште лебди во воздух, е само еден од многуте предизвици за организацијата.

– Претседавањето предиспонира лидерство и ние ќе се погрижиме да ја истражиме секоја авенија што води до консензус. Сепак, решенијата и напредокот зависат од сите нас. Единствениот пат напред е да се потпреме на ефективен мултилатералност воден од решенија, заснован на почитување на основните принципи кои лежат во срцето на нашата организација. Ние ќе се фокусираме на нашата цел: правење разлика на теренот; спроведување на нашите обврски и обнова на стабилноста преку враќање на дијалогот, рече шефот на дипломатијата Османи.

Тој при тоа нагласи дека во првата политичко-воената димензија, превенцијата и управувањето со конфликти ќе останат висок приоритет, а во тие рамки пред сè војната во Украина.

– Украина ќе остане наш висок приоритет. Тоа беше и причината што го поддржавме продолжувањето на активностите на ОБСЕ во Украина. Сепак, да не заборавиме дека има тензии и на други места во регионот на ОБСЕ кои исто така предизвикуваат голема загриженост. Важно е да се надоврземе на постоечките формати, обезбедувајќи поддршка за нашето присуство на теренот и други операции на терен. Организацијата треба да остане ангажирана низ регионите во потрага по мир, истакна Османи.

За жал живееме во ера на турбуленции. Ситуацијата во регионот на ОБСЕ е критична.

– Рамковните приоритети се подготвени во корелација со актуелната политичка слика и треба да ги одразат општиот интерес на Организацијата во време на криза. На тој начина демонстрираме свесност за реалните предизвици, препознатливост и целисходност, истакна министерот, Османи.

Тој додаде дека прелиминарните приоритетни цели се на линија на принципите и заложбите на Организацијата и дека истите имаат повеќекратна цел: да ги рефлектираат нашите интереси, да одразат континуитет на редовните приоритети на ОБСЕ, но и истовремено да соодветствуваат и одговараат на денешната сложена геополитичка констелација на односите. Во таа смисла, тој ги издвои енергетската безбедност, безбедноста на храна и вода, како теми што со својата актуелност се наметнуваат и врз агендата на ОБСЕ.

–Доколку не дискутираме за вакви или слични предизвици, се ризикува истите да станат перпетуални, допoлнителни извори на конфликти, подвлече министерот, Османи.

Рамковните приоритети произлегуваат од концептот на севкупна безбедност на Организацијата. Тие се осврнуваат  на тематски целини поврзани со традиционалниот корпус прашања што се провлекуваат во агендата на ОБСЕ низ годините: замрзнатите конфликти, нивната превенцијата, менаџирање и трансформација. Понатаму, теми поврзани со економијата и животната средина, дигитализацијата, климатските промени како и тие кои произлегуваат од хуманата димензија на ОБСЕ, со цел зајакната промоција на човековите права и слободи, доброто владеење, родовата еднаквост и младинските политики. Промоцијата на придобивките од нашиот модел на функционална мултиетничка демократија ќе биде дел од приоритетната рамка на претседавањето, нагласи Османи образложувајќи ја рамковната платформа на претседавањето во 2023 година пред амбасадорите.

-Во 2023 година, Северна Македонија ќе обезбеди политичко раководство на ОБСЕ, стремејќи се да придонесе во процесите за поголема стабилност клучни за севкупната европска безбедност. Ќе бидеме решителни и будни, но реални и ќе се потпреме на нашето искуство во управувањето со различни предизвици. Нашите тимови нема да штедат напори да го исполнат доверениот мандат. Тие ќе бидат отворени и приемчиви за предлозите кои имаат за цел да ја унапредат улогата на ОБСЕ во ублажувањето на кризата и нејзините предвоени капацитети во промовирањето на демократијата, човековите права и основните слободи, порача Османи.

Северна Македонија го презема претседавањето во 2023 година од Полска, а согласно утврдениот формат, оваа година претседава со Медитеранската група партнери на ОБСЕ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk