ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Осум руски директори на енергетски компании починаа под невообичаени околности оваа година, Маганов од Лукоил е последниот

September 5, 2022 10:46
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Путин и Маганов, претседател на рускиот нафтен гигант Лукоил

Путин и Маганов, претседател на рускиот нафтен гигант Лукоил

Share on FacebookShare on Twitter

Смртта на Равил Маганов, претседател на рускиот нафтен гигант Лукоил, во болница во Москва е осми случај оваа година кога руски директор за енергетика почина ненадејно и под невообичаени околности, пишува Си-Ен-Би-Си.

Маганов почина во четвртокот откако падна од прозорецот на Централната клиничка болница во главниот град, пренесе руската државна агенција Интерфакс. Околностите за смртта на Маганов ги потврди Ројтерс, цитирајќи два анонимни извори. Нафтената компанија и нејзиниот претседател ја критикуваа војната во Украина, изразувајќи неодобрување во изјавата на 3 март, во која Управниот одбор на Лукоил ја изрази својата најдлабока загриженост за трагичните настани во Украина. Повикувајќи на што поскоро прекинување на вооружениот конфликт, одборот изрази искрено сочувство за сите жртви, кои се погодени од оваа трагедија. Истовремено истакнаа дека силно поддржуваат траен прекин на огнот и решавање на проблемите преку сериозни преговори и дипломатија.

Но, Лукоил, компанијата што Маганов помогна да се изгради, во изјава за печатот рече дека 67-годишникот „починал по тешка болест“. Руската амбасада во Вашингтон не одговори на барањето на CNBC за официјално соопштение.

Според извештаите на руските и меѓународните новински агенции, околностите околу ненадејната смрт на Маганов го привлекоа меѓународното внимание, делумно затоа што предходно, седум други врвни руски енергетски директори биле жртви на прерана смрт од јануари.

Леонид Шулман

Кон крајот на јануари, Леонид Шулман, главен извршен директор на рускиот гигант за природен гас Гаспром, беше пронајден мртов во бањата на куќа во селото Ленински. Руската медиумска групација РБЦ ја објави неговата смрт, но не наведе причина.

Александар Тјулаков

На 25 февруари, друг директор на Газпром, Александар Тјулаков, беше пронајден мртов во истото село како Шулман, овој пат во гаража. Според рускиот медиум Новаја Газета, истражителите пронашле белешка во близина на телото на Тјулаков.

Михаил Ватфорд

На 28 февруари, три дена по смртта на Тјулаков, рускиот милијардер со нафта и гас кој живее во Англија, Михаил Ватфорд, беше пронајден обесен во гаражата на неговиот селски имот. Во тоа време, истражителите наводно рекле дека смртта на Ватфорд била „необјаснета“, но не изгледала сомнително.

Владислав Аваев

На 18 април, поранешниот потпретседател на Гаспромбанк, Владислав Аваев, беше пронајден мртов во неговиот стан во Москва, заедно со сопругата и ќерката, кои исто така починаа. Властите го третираа случајот како убиство-самоубиство, објави тогаш Радио Слободна Европа. Газпромбанк е трета по големина банка во Русија и има блиски врски со енергетскиот сектор. Оваа теорија преживеаниот син на Аваев јавно ја отфрли.

Сергеј Протосења

На 19 април, Сергеј Протосења, поранешен заменик-претседател на Новатек, најголемиот руски производител на течен природен гас, беше пронајден мртов во викендица во Шпанија. Како Аваев во Москва, Протосења беше пронајден со сопругата и ќерката, кои исто така беа починати. И како Аваев, полицијата што го истражува местото на настанот рече дека верува дека се работи за убиство-самоубиство.

Александар Суботин

Во мај, телото на милијардерот и поранешен извршен директор на Лукоил Александар Суботин беше откриено во подрумот на селска куќа во московскиот регион. Собата во која почина Суботин наводно била користена за „јамајкански вуду ритуали“, објави рускиот државен медиум ТАСС, цитирајќи ги локалните власти.

Јуриј Воронов

Во јули, Јуриј Воронов, основач и извршен директор на бродски изведувач што ги сервисира проектите на Гаспром на Арктикот, беше пронајден мртов од очигледна прострелна рана во базен во неговиот дом во Ленински, истата елитна заедница од Санкт Петербург каде што порано истата година загинаа Шулман и Тјулаков.

Од ваквата судбина се спаси потпретседателот на руската државна банка „Газпромбанк“, Игор Волобујев кој во март пребега од Русија за да им се придружи на украинските сили кои се борат против руската инвазија. Волобуев беше потпретседател на Гаспромбанк, а пред тоа долги години ја водеше прес-службата на Газпром. Токму преку него Европа го плаќаше рускиот гас.

Претходно од Русија заминаа првиот заменик-претседател на „Сбербанк“, Лев Касис, претседателскиот пратеник Анатолиј Чубаис и заменик-претседателот на „Аерофлот“, Андреј Панов.

Извор: ЦивилМедиа

Next Post

Обвинение против скопјанец чиј автобус дваесет пати поминал граница со фалсификувана лиценца

НАЈНОВО

Фото: ЦИВИЛ

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Фото: Министерство за транспорт, комуникации и јавни работи на Кипар и Канцеларија на комесарката за родова еднаквост

Први семафори со женски фигури на Кипар: Мала промена со големи пораки за родова еднаквост

October 30, 2025
Скриншот

Селена Гомез домаќин на настан за подигнување на свеста за менталното здравје на младите

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk