Мислам дека мотивите за покренување на оваа иницијатива и она што навистина претставуваа оваа инцијатива се две различни работи. Мислам дека мотивите се чисто политички, ограничени во атарот на интересите на политичката партија, односно интересите на оние што се на врвот на таа политичка парија, односно на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Џабир Дерала на панелот на ЦИВИЛ „Зад димната завеса: со референдумот или на него“.
Втора работа е што и покрај тоа што се очигледни мотивите – апетитите за доаѓање на власт, замачкување на политичките неуспеси и на политичките превирања внатре во таа политичка партија, се гледа да се трансформира во една политичка операција која се нарекува иницијатува за референдум, со скокотливо, емотивно прашање кое задира длабоко во емоциите на граѓанките и граѓаните и претставува злоупотреба на нивните емоции, претежно на македонките и македонците, но и на сите луѓе во оваа земја, бидејќи во изминатиов период ние видовме една воодушевувачка солидарност на сите етнички заедници во земјава. Тука сметам дека е главниот проблем на националистичките кругови во државава, бидејќи тие не сакаат да ја видат земјата заедно, додава Дерала.
Мотивот за референдумот е власт и спас на оваа гарнитура на водството на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи помалку познато за јавноста е дека половина од членството на ВМРО-ДПМНЕ, според одредено истражување се противи, односно не се согласува со бојкотирачки, блокирачите политики на Мицкоски и на неговите најблиски соработници, вели Дерала.