ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Ковачевски-Чапутова: Силна поддршка во чекорите кон ЕУ и определба за заедничко справување со предизвиците

September 7, 2022 15:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од Артан Груби, првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, се сретна со претседателката на Република Словачка, Зузана Чапутова и словачка делегација, придружувана од словачкиот амбасадор во земјава, Хенрих Маркуш.

На состанокот се потврдени пријателските и блиски релации помеѓу двете држави и е изразена заедничка определба за нивно натамошно унапредување.

Потенцирана е отворената поддршка на Словачка на европските перспективи на Западен Балкан и во таа насока изразена е силна поддршка од Република Словачка за процесот на преговори и за интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за значајното пријателство со Словачка и придонесот во остварувањето на стратешките евроатлански цели, во реформските процеси, како и во важни моменти за граѓаните, како што е помошта во здравството за време на пандемијата.

Тој рече дека Владата, како и владите на државите во Европа и во светот, е посветена на справувањето со последиците од војната во Украина, при што Северна Македонија се постави стопроцентно на линија на надворешната политика на ЕУ. Исто така, државата ги развива добрососедските односи и институциите се определени на ефикасна динамика во реализацијата на скрининг процесот, што е план и за преговарачкиот процес, а со што е реална и остварлива целта за членството во Европската Унија до 2030 година.

Во разговорот беше нагласена важноста од фокус на сите политички субјекти кон државните интереси.

Премиерот Ковачевски и вицепремиерот Груби ја истакнаа и важноста на поддршката од Вишеградската група и споделените искуства во процесот на интегрирањето на Северна Македонија во НАТО, којашто е оценета како значајна и во процесот за ЕУ.

На средбата е изразена заедничка подготвеност земјите да ги унапредат билатералните односи во областа на економијата и како партнери во НАТО, во справувањето со сите актуелни предизвици.

Посветено е посебно внимание на состојбите во енергетиката на светско ниво, што се рефлектираат врз државите, при што се разгледани нови можности за енергетско поврзување, а е заеднички оценета потребата за тесна соработка на ЕУ и земјите од Западен Балкан, во потенцијалните решенија.

Next Post

Грковска: Очекувам правдата да биде еднаква за сите, независноста на институциите носи дополнителна одговорност и не смее да биде параван за самоволие

Најново

Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk