ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Генерал Ѓурчиновски: Армијата интензивно работи на подобрување на стратешките комуникации согласно доктрината на НАТО

September 8, 2022 18:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Стратегијата на НАТО за одвраќање и одбрана мора да биде придружена со правилна комуникација во и надвор од оперативната зона. Секој од нас има улога во спроведувањето на комуникацијата кон домашната публика и кон сојузниците, порача денеска началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски на затворањето на НАТО конференцијата за комуникатори, чиј домаќин оваа година е Северна Македонија.

Следното нешто што би сакал да го споменам овде е огромната важност на нешто што ја промени сликата на бојното поле, и таа слика е замаглена и не може лесно да се препознае во споредба со конвенционалните воени операции од минатото. Тоа се операциите од областа на комуникациите, додава Ѓурчиновски.

​Армијата и Министерството за одбрана, како што нагласи тој, интензивно работат на развој и подобрување на способностите во областа на стратешките комуникации со цел да се зголеми ефикасноста на комуникациите согласно доктрината за комуникации на НАТО.

Денес можеме да елаборираме како се менува информациската средина како резултат на хибридните операции исклучиво преку лекции од војната меѓу Русија и Украина. Верувам дека ова е пресвртната точка во подобрувањето на стратешкиот концепт за комуникации на НАТО во новата деценија преку важноста на поимот здруженост на средствата, начините и стратешките цели на сојузниците, заклучи Ѓурчиновски.

На конференцијата која беше отворена вчера во Националната филхармонија, премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска порачаа дека комуникациите и информациската сфера не биле никогаш поважни за безбедноста и стабилноста, како и дека транспарентноста е најдоброто оружје во борбата против лажните вести.

НАТО конференцијата за комуникатори е најголемата годишна конференција за комуникатори во Алијансата.

Годинава, домаќин на Конференцијата е Северна Македонија, а на истата учествуваа околу 300 лица. Во рамки на конференцијата беа организирани неколку панели посветени на стратегиските комуникации.

Next Post

Мицкоски по фармерки, патики и шарени чорапи оддава почит пред споменикот на Даме Груев во Смилево

Shortcut

Најново

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk