Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии ИФИМЕС од Љубљана, подготви сеопфатна анализа на актуелната политичка ситуација во Северна Македонија по повод одбележувањето на 31 година од прогласувањето на независноста на земјата.
Од анализата ги издвојуваме најважните делови
Трасирана иднина на државата
На 8 септември, Република Северна Македонија одбележува 31 година од прогласувањето на независноста.
2017 година претставува пресвртница во современата македонска историја. Тогаш падна режимот на Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ), кој беше на власт од 2006-2017 и формирана е нова влада, предводена од премиерот Зоран Заев (СДСМ).
Со Договорот од Преспа, Зоран Заев и Алексис Ципрас ја поразија доктрината на Слободан Милошевиќ и Константин Мицотакис, на кои им помагаа одредени македонски политички партии, според која не се предвидуваше постоење на Македонија како држава и на Македонците како народ. Со полноправно членство во НАТО, се оствари вековниот сон на Македонците и на другите граѓани, да имаат своја држава чиј територијален интегритет и суверенитет го гарантира најголемиот и најсилниот воен сојуз во светот – НАТО. Ова ги порази големите државни проекти кои вклучуваа или имаа аспирации кон Северна Македонија.
Со потпишувањето на договорот во Преспа на 17 јуни 2018 година беше решен долгогодишниот спор со Грција за уставното име. Новото уставно име на државата е Република Северна Македонија. Потпишаниот договор го потврди државно-правниот континуитет на Република Македонија, етничката припадност на Македонците, признавањето на македонскиот јазик, култура и идентитет. Се заокружи македонската државност и се потврди идентитетот на Македонците како народ со сите негови елементи. Договорот од Преспа ги содржи сите потребни елементи, кои гарантираат опстанок на современата македонска држава и ги потврдуваат особеностите на Македонците како народ.
Заокружување на македонската државност
Македонците и нивната земја поминаа низ турбулентна историја во минатиот век. Илинденското востание е кренато во 1903 година како еден од најзначајните датуми во македонската историја. За време на Втората светска војна во 1944 година се одржало првото заседание на АСНОМ на кое биле поставени темелите на Социјалистичка Република Македонија која била рамноправна федерална единица во рамките на федеративна Југославија. Со распадот на Југославија во 1991 година се одржа референдум за независност и беше прогласена суверена и независна Република Македонија. Влезот во НАТО на 27 март 2020 година е четвртиот важен датум во историјата на Македонците и современата македонска држава. Петтиот значаен настан е признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Исто така почетокот на преговорите за членство во ЕУ, седумнаесет години после доделувањето на кандидатскиот статус- претставува пресвртница за современата македонска држава.
„Коњски скок“ сè уште е закана за македонската држава
Поради својата геополитичка и геостратешка положба, Северна Македонија е раскрсницата на регионалниот и меѓународниот криминал и поради оваа причина се прават огромни напори од страна на Министерството за внатрешни работи и безбедносно-разузнавачките агенции за сузбивање на криминалот и корупцијата на и низ нејзината територија.
Сè уште голема закана е тајната разузнавачка операција со кодно име „Коњски скок“, која има за цел да ја собори актуелната влада и како крајна цел да го врати поранешниот премиер Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ) во Северна Македонија. Одредени структури продолжуваат интензивно да работат на дестабилизација на државата со постојано продуцирање бројни афери. Откриени и лоцирани се повеќе од 160 медиумски портали кои продуцираат бројни (лажни) вести и афери. Компанијата, која води веб-сајтови за поддршка на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, е поврзана со унгарската јавна телевизиска мрежа Magyar Televizo (MTV), која е симпатична кон владеачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан. Поренешниот премиер Зоран Заев (СДСМ) и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски (СДСМ) до неодамна беа главна цел на разузнавачката операција.
На политички план се прават обиди да се блокира функционирањето на институциите, на пример опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесува дури 2.000 амандмани за одредени закони или блокира именување на поединци на испразнети места како што е Уставниот суд. Скоро година дена ВМРО ДПМНЕ во Собранието го блокира именувањето на новите македонски амбасадори и со тоа предизвикува, државата во клучните европски претстолнини и САД да нема акредитирани амбасадори во време кога тоа е најпотребно. Со тоа е нанесена значителна дипломатска штета на напорите за исполнување на амбициите во поглед на членството во ЕУ.
Покрај Зоран Заев, цел на нападот е и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој за само неколку години успеа да го организира МВР како најдобро во регионот, и ги откри и разби мрежите на одредени странски разузнавачки служби на територијата на Северна Македонија, особено руските. Нападите врз него беа дизајнирани како еден вид одмазда за неговата успешна работа. Министерот Спасовски одигра клучна улога во заштитата на уставно-правниот поредок и полициско-судскиот систем во државата. Заради тоа е важно да се избере компетентен нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), бидејќи македонскиот безбедносно обавештаен систем и полицискиот сектор се наоѓаат пред големи предизвици.
Центарот на тајната разузнавачка операција „Коњски скок“ е во Будимпешта и во неа учествуваат некои државни раководители кои се сојузници на Никола Груевски, главно од европската (радикална) десница, односно Европската народна партија (ЕПП). Враќањето на Груевски во Северна Македонија и неговото враќање на власт беа планирани, бидејќи оценија дека поради тесното парламентарно мнозинство, постоечката влада може брзо да биде соборена со создавање амбиент на хаос. Зошто НАТО алијансата толерира ваква активност на разузнавачките служби на некои нејзини земји-членки во Северна Македонија, која не е насочена само против националните интереси на суверената земја-членка, туку и против интересите на самата НАТО?
Дегруевизацијата на државата е долгорочен и неопходен процес
Во февруари 2015 година во јавноста изби скандал со прислушување, во кој македонската тајна служба (УБК) тајно и незаконски прислушувала околу 26.000 луѓе во земја која вкупно има 1,65 милиони жители. Според проценките, режимот на Груевски изнел над пет милијарди евра од државата, додека бизнисмените биле принудени да плаќаа „рекет“ на режимот. Редовно се произведуваа меѓуетнички конфликти кои внесуваа несигурност и страв кај граѓаните. Имаше огромно богатење на Груевски и поединците околу него.
За време на режимот на Никола Груевски – Сашо Мијалков – Орце Камчев, во Северна Македонија беше формиран неформален центар на моќ, кој беше симбиоза на политиката, тајкуните и мафијата со поддршка на разузнавачкото подземје кое практично владееше со земјата. Македонските влади по падот на режимот само делумно владееја, бидејќи не успеаја целосно да ги надминат неформалните центри на моќ и да го уништат режимот Груевски-Мијалков-Камчев, кој делува субверзивно против власта располагајќи со огромна сума пари за нејзината соборување и враќање на Северна Македонија во старата состојба.
Дегруевизацијата на Република Северна Македонија не е само соочување со причините и последиците на режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, туку е долгорочен процес на демонтирање на тој режим, кој сè уште е капиларно присутен во сите сегменти на македонската држава и општество. Овде, покрај правосудниот систем, важно е и поширокото општествено делување и дејствување за отстранување на штетните последици од 11-годишното владеење на Груевски. Груевски и неговите соработници не можеа да ја избегнат одговорноста и гонењето за се што е сторено во нивното 11-годишно владеење. Груевски, иако е во егзил во Унгарија и под заштита на унгарскиот премиер Виктор Орбан (Фидес), сепак се обидува да ги запре позитивните политички процеси. За Груевски и неговите соработници беа донесени неколку правосилни пресуди со кои беа осудени на долгогодишни затворски казни. Генерално не е можно да се обезбеди севкупен напредок без уривање на режимот на Никола Груевски и финансиско-криминалниот и банкарски октопод на Орбан во Северна Македонија и во регионот.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој го наследи Груевски, се уште не успеал да ја реформира партијата, бидејќи има отпор кон реформите во ВМРО-ДПМНЕ, особено кај кадрите на Груевски, што му штети и ја усложнува позицијата на Мицкоски и на домашната и на меѓународна политичка сцена.
Отворен Балкан
Во Нови Сад на 9 октомври 2019 година, претседателот на Србија Александар Вучиќ (СНС), премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев (СДСМ) и Еди Рама (ПС) потпишаа Декларација за намери за воспоставување „мал шенген“ меѓу трите земји. Заедничката декларација вклучуваше укинување на граничните контроли и другите бариери за полесно движење во регионот, што ќе им овозможи на граѓаните да патуваат само со лична карта, како и да се вработат каде било доколку имаат потврда за своите квалификации односно единствена работна дозвола. Декларацијата предвидува признавање на дипломите, како и подобра соработка во борбата против организираниот криминал и помош во случај на елементарни непогоди.
Сите резултати што се постигнати, особено на полето на економијата и економската соработка на земјите собрани на Отворениот Балкан – побрз проток на луѓе, стоки, капитал и услуги, зголемување на сите економски показатели, подобра и посеопфатна политичка соработка, брзо решавање на сите меѓусебни проблеми и спорови преку процесот на дијалог и усогласување – се доказ дека земјите од Западен Балкан имаат што да и понудат на ЕУ, дека сакаат, можат, и знаат да соработуваат со ЕУ, дека мора, и формално и правно да бидат дел од заедницата на европските народи како што биле со векови, без разлика што сегашната политика и бирократија ги предизвикува и кочи. Отворен Балкан е регионална иницијатива, регионален проект, но не е замена за членството во ЕУ, ниту пак пандан или „утешна награда“ за земјите-кандидати за членство во ЕУ, а најмалку еден вид лоби или „чекална “.
Отворениот Балкан е, пред сè, уште еден, многу цврст и квалитетен доказ за зрелоста на земјите од Западен Балкан за полноправно членство во ЕУ, што им се ветува со децении, а секој момент е предмет на дополнителни услови. Отворениот Балкан е, исто така, единствена можност и збирка на бројни шанси за дополнителен развој и напредок на сите земји од регионот, во сите области на општествениот, јавниот, економскиот, културниот, спортскиот, па дури и политичкиот живот на овие простори. тоа отсекогаш била и е Европа. Тоа е балкански, но, во својата суштина, е многу повеќе европски модел и начин на градење на заедничка иднина – европска иднина, без разлика на сите пречки на патот до неа.
Отворен Балкан е единствената реална шанса за регионот да продолжи да се менува, да се бори за себе и да се претстави и докажува на најдобар начин, според прифатливите критериуми и стандарди на ЕУ. Секако, има и предизвици и теории за Отворен Балкан како верзија на „српскиот свет“, бидејќи Босна и Херцеговина, Косово и делумно Црна Гора тој проект го прогласуваат за проект на српската политика. Други пак сметаат дека се работи за т.н голема Албанија. Аргументите од споменатите земји главно се условени од реакциите и постапките на меѓународната заедница, бидејќи нема аргументирани анализи и државни позиции зошто Отворениот Балкан треба да биде „српски свет“, „Голема Албанија“ или „Соросов проект“. Затоа е важно Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово да се приклучат на Отворениот Балкан.
Анализите покажаа дека ако Отворениот Балкан беше профункциониран пред Ковид-19 пандемијата, земјите и целиот регион поадекватно и поуспешно ќе се соочеа со пандемијата на корона вирусот, но и со енергетската и прехранбената криза предизвикана од руската инвазија на Украина. Но сепак и вака Отворен Балкан веќе носи делумни резултати. Важноста на соработката и солидарноста е највидлива во случаи на елементарни непогоди: пожари, земјотреси, поплави итн.
Заев го трасираше патот на државата кон иднината
Интеграциската парадигма на премиерот Зоран Заев (СДСМ), политиката на „Нула“ проблеми со соседите и силниот меѓународен ангажман доведоа до потпишување на Договорот за добрососедски односи со Бугарија, законот за подобрување на употребата на јазиците, договорот од Преспа со Грција, кој овозможи деблокирање на евроатлантските интегративни процеси. Членството во НАТО е потврда за регуларноста на дејствувањето и историски успех, што значи мир, безбедност, стабилност и просперитет.
Заев својата држава ја извлече од долгогодишна изолација и конфликти со соседите. Во пракса се покажа дека промените се можни и неопходни. Тоа е демократската политичка идентификација на Зоран Заев. Македонската православна црква (МПЦ-ОА) стана автокефална. Почнаа преговорите за членство во ЕУ. Од доаѓањето на Зоран Заев на власт во 2017 година, во таа земја не е забележан ниту еден меѓуетнички инцидент, кои претходно беа редовна појава на дневна основа. Според меѓународните индекси, Северна Македонија е најбезбедна земја во Западен Балкан[2]. Градењето и развивањето доверба и партнерство со граѓаните е исклучително важно, што се карактеризира со паролите на македонската влада „Влада за граѓаните“ и „Едно општество за сите“. Тоа претставува нова политичка култура на македонската политичка сцена, бидејќи новиот пристап ја разбира и прифаќа опозицијата како партнер, а не како противник. Тоа, пак, претставува новина и нова политичка култура на македонската политичка сцена во околностите кога се носат одлуки за клучните национални прашања на Македонија и нејзината иднина, која пред сè е поврзана со членството во НАТО и ЕУ.
За Република Северна Македонија, од особена важност е да бидат санкционира и ставени на црната листа на САД сите кои го попречуваат или не го признаваат Договорот од Преспа, кој донесе мир, стабилност и просперитет во Северна Македонија, и оние кои не го признаваат и не го прифаќаат уставното име на државата Република Северна Македонија. Затоа извршната наред[3] е предупредувањето и пораката на американскиот претседател Џозеф Бајден до сите во регионот на Западен Балкан, но и до македонските власти, да ја интензивираат борбата против криминалот и корупцијата и да се спротивстават на негативните појави и поединци кои можат да го загрозат регионалниот мир, стабилност и просперитет.
Аналитичарите сметаат дека до неодамна премиерот Зоран Заев го поставуваше патот на Република Северна Македонија за иднината. Се остварија соништата на генерации Македонци и други граѓани, бидејќи за прв пат во модерната историја, Северна Македонија го дочека денот на независноста со остварување на своите стратешки цели. Процесот на демократизација и напредок на Северна Македонија е незапирлив процес. Актуелната Влада на Северна Македонија има обележан пат за иднината, мора да обезбеди континуитет на сегашната политика, но и да ги спроведе многу потребните реформи и да се справи со криминалот и корупцијата.
Подготви: Ј. Ѓорѓиоски