ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

На веста за смртта на кралицата Елизабета Втора

September 9, 2022 11:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Елизабета Втора е последната голема фигура на цивилизација која полека ја завршува својата историска мисија.

Зборуваме за историска формација исткаена од неверојатни остварувања и подвизи на човекот, измешани со страшни драми, трагедии и жртви.

Но, јас на тие работи гледам тојнбиевски, односно рационално, низ призмата на историската закономерност која го одредила растежот на цивилизацијата, нејзиниот врв и еве сега разните форми на малаксување.

Но умирањето е нешто друго.

Путин помисли дека крајот ѝ е пред цевките на неговите тенкови и дека тој е повикан да ѝ ја отсече главата и телото да ѝ го даде за паштети на своите ртови, но направи трагична грешка просто затоа што фазата во која е Запад и таа што на него му е прикажана или му се сонила, драматично се разликуваат. Како што се различни и внатрешните перцепции на руската моќ од реалните состојби.

Кога во таков генерален дискурс ќе ме фатат сентименти, мојот поглед наназад е исполнет со воодушевувања, многу повеќе отколку со гнев за лошите работи.

Тие нешта се неразделни.

Во голем дел од ова историско време Виндзорите играат клучна улога.

Од малата островска државичка да направиш светска империја во која буквално сонцето никогаш не заоѓа, од цел Пацифик и Северна Америка, до Африка и Азија, Индија посебно, за Австралија и Нов Зеланд да не правиме муабет, тоа морало да е резултат на култура, карактер, ум и сила.

На Елизабета ѝ се падна да ја води нацијата во постимперијалната фаза која по дефиниција не беше лесна, но од друга страна го доби, можеби, најубавото парче од тоа историско време: Поствоениот прогрес, патот кон благосостојбата, со воени интервенции на дистанца, обиди за задржување на моќта на светско ниво, меката деколонизација и трансформацијата на состојбата во системот на Комонвелтот. Се разбира, со низа предизвици околу единството на Обединетото кралство. Да, и со многу семејни драми проследени со критики на јавноста не само кон неа, туку и кон кралската институција.

Приматот на функцијата над сите чувства и сентименти ги формираат луѓето од Бакингамската палата во еден друг ред. На со тој принцип, кој ние денеска го презираме, се удрени некои од важните темели на историскиот успех на Британија.

Ми беше бескрајно симпатична со шеширите и со комплетниот аутлук. Наспроти погледот од внатре, кон надвор делуваше топло. Многу ме разочара со односот по смртта на принцезата Дајана и со поддршката на иницијативата за Брегзит. Со Брегзитот удри безвезна контра на целата милениумска историја.

Како да се спушта завесата над големата историска претстава.

Нејзината смрт е повеќе од кралска смрт.

Тажен сум.

Сочувство до новиот крал, до кралското семејство, до Британците од сите нации и вери.


Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Бочварски: Продолжуваат координативните состаноци за отворање на граничниот премин Клепало

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk