ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Презентиран нов модел за субвенциии во земјоделството и руралниот развој

September 12, 2022 14:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на денеска на брифинг со новинари презентираше нов модел за субвенционирање преку програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Моделот треба да биде комплетиран до крајот на годинава, а ќе почне со примена од 1 јануари следната година.

Со новиот предлог модел, како што рече Николовски, не се кратат финансиските средства за поддршка, ниту се оштетуваат земјоделците, туку средствата се прераспределени во повеќе програми за поддршка.

Првиот драфт предлог на овој нов модел содржи разграничување меѓу производно неврзаните и производно врзаните директни плаќања. Тоа значи, наведе Николовски, кај растително производство за сите земјоделци без разлика која култура ја произедуават да им се исплатат основните директни плаќања за површината што ја обработуваат, без разлика на приозведената количина.  Тоа е еден дел од субвенцијата која ќе ја добиваат сите,  потенцираше министерот.

Дополнителните плаќања, според предлогот, ќе се исплаќаат само на одреден број култури, кои како стратешки ќе се определат заедно со земјоделците преку потсекторските групи, и за тие култури при исплатата ќе биде зголемен и обемот на контрола од страна на Платежната агенција.

Министерот додаде дека новиот модел за субвенционирање дава приоритет на стратешки важни култури и производи за државата, процесот на добивање на финансиска поддршка се забрзува и се става крај на злоупотребите на финансиската поддршка.

-Денес најпрво предлог концептот го презентираме пред агро советот како највисоко тело за креирање на мерки во земјоделството. Понатаму, детално овој предлог ќе биде презентиран и отворен за предлози и забелешки за секоја подсекторска група во Министерството. Широкиот процес на консултации ги опфаќа сите земјоделци, земјоделски здруженија производители и стручната јавност, секој искрен предлог е добредојден, рече денеска Николовски.

Како што посочи, целта  што сакаат ја го постигнат преку овој концепт е директните плаќања да бидат насочени кон долготрајна одржливост на активните земјоделци чија главна дејност е земјоделството, одржување на обработливите земјоделски површини и зголемување на производството на храна.

Министерот додаде дека постојните субвенции за земјоделците нема да се скратат, односно би биле распределени во повеќе програми за поддршка. 

Next Post
Николовски на Самитот Отворен Балкан во Белград

Николовски: Преку Отворен Балкан ќе се обезбедуваат доволно прехранбени продукти во секој поглед

Најново

Нападите од Трамп и Русија ја обединија Италија зад Џорџа Мелони

April 24, 2026

Македонија е избришана од агендата на ЕУ

April 24, 2026
Фото: Фронтлајн

СДСМ бара итно запирање на сите градежни активности во Кисела Вода по трагедијата на градилиштето во која загина едно лице а 4 се повредени

April 24, 2026

Тошковски од Атина: Заеднички и координиран одговор на криминалот и тероризмот – зајакната соработка со Грција

April 24, 2026

Транспарентен избор или партиска директива? Ристоски на чело на МРТ, Филипче реагира: „Пријател на Мицкоски е директор на јавниот сервис“

April 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk