ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Во Велика Британија родени близнаци со различна боја на кожата

September 12, 2022 10:55
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Новопечената мајка Шантел Бротон на популарната емисија „Добро утро, Британија“ раскажа како е да се живее со своите деца близнаци – синот Ајон и ќерка ѝ Азира, кои се родени на 30 април годинава.

Но, она што е занимливо за овие бебиња е тоа што имаат забележително различна боја на кожата. Роден со светла кожа и зелени очи, Ајон наликува на Шантел, додека Азира, која има кафени очи и потемен тен, повеќе личи на татко ѝ Ештон.

На почетокот тоа не беше толку видливо. Тие беа прилично слични по тенот – едвај можеше да се види дека таа е малку потемна. Но, како што минуваа неделите и месеците, таа стануваше потемна и поцрна, а тој – посветол, објасни Шантел.

Ова е редок, но не и единствен случај, иако многумина од нивното опкружување, се изненадени од таа навидум „необична разлика“ меѓу близначињата.

Сите се „шокирани“… Но, ние сме среќни. Ни се допаѓа што тие се малку поинакви и што таа личи на тато, а тој на мене, додаде гордата мајка.

Некои дури мислат дека бебињата имаат различни татковци, но д-р Амир Кан објасни како може да се родат близнаци со различна боја на кожа.

Може да се случи два сперматозоида да оплодат две јајце-клетки. Бојата на кожата се состои од околу 20 различни гени и тоа е случаен избор – она ​​што се наоѓа во еден сперматозоид не мора да биде исто како во друг, а тоа важи и за јајце-клетките, објасни тој.

Тоа е сосем ретко, но и според докторот, се случува во човековото општество.

Next Post
John Cole

Планот за инвазија на Украина?

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk