ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Референдумот на Мицкоски паѓа по најмалку уште еден основ – за меѓународен договор е можен само претходен референдум, не последователен

Референдумот на Мицкоски е спротивен на Уставот и законите, мотивите му се очигледно сосема поинакви

September 13, 2022 21:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Мицкоски и Борисов, Загреб, 20 ноември 2019 година

Мицкоски и Борисов, Загреб, 20 ноември 2019 година

Share on FacebookShare on Twitter

Член 24 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните  определува дека за ратификација на меѓународен договор може да се распише ПРЕТХОДЕН референдум. Членот во законот гласи:

Референдум на државно ниво може да се распише и за потреба од ратификација на меѓународни договори и за други прашања од надлежност на Собранието (претходен референдум) и за одлуки донесени од Собранието или за изјаснување на граѓаните за други прашања за кои одлучувало Собранието (дополнителен референдум).

Ова може да се толкува дека единствено пред да биде потпишан одреден меѓународен договор може да се распише референдум, но не и откако договорот веќе е ратификуван.

Член 28, став 3 од истиот закон за референдум пропишува и тоа дека референдум не може да се распише за одлуки донесени со бадентерово мнозинство.

„Референдум на државно ниво не може да се распише за прашања за кои Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.“

Но што му значи Бадентер на Мицкоски?

Од друга страна, чл. 118 од Уставот определува дека меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.

Тој член во Уставот гласи:

Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.

Собранието може да распише референдум за прашања од неговата надлежност, но откако еднаш еден меѓународен договор е ратификуван, веќе ја надминува надлежноста на Собранието затоа што, нели, Собранието не може да го менува ратификуваниот договор.

Одовде произлегува дека меѓународните договори имаат посилно правно дејство од законите и не може да се менуваат со закон. Сево ова покренува оправдан сомнеж дека воопшто не може да се распише референдум за меѓународен договор откако истиот ќе биде ратификуван. Дури ни Уставниот суд не може да ја оценува уставноста на ратификуваниот меѓународен договор – единствено може да ја оценува уставноста на постапката за ратификација на договорот (т.е. од процедурален аспект дали се запазени сите елементи).

Зачудува фактот што Мицкоски и неговата партија, претходно и во друштво со Апасиев кој одеднаш стивна, имајќи јасни законски и уставни рамки пред себе, упорно инсистираат на распишување референдум.

Мицкоски забравя и на темелните вредности на уставниот поредок во кои спаѓа и одредбата:

„Основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот.“

Дали можеби Мицкоски свесно поставува барања и започнува процеси што се невозможни и недозволени со Уставот и законите што владеат во земјата? Што може да биде целта, ако не да се стекне со некој екстра политички поен и да внесе дополнителни тензии во земјата, а со тоа да го отежни македонското чекорење кон ЕУ…

Впрочем, се работи за Договор за добрососедство од пред пет години (!) за кој Мицкоски јасно и течно, на чист „блгарски език“ му кажа на поранешниот бугарски премиер, Бојко Борисов, дека „сѐ што може да биде позитивно за двете части, ние ште го подкрепиме“. Сега, треба ли и тоа да го заборавиме?

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повреден малолетник при пукање на семејна веселба во кичевско Стрелци

July 22, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Обвинение за 36 лица во случајот „Синдром“, две криминални групи посредувале за лажни инвалидски пензии

July 22, 2025

Пожар во центарот на Кочани – спасена жена од запалена куќа

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk