ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Според Извештајот на Европски парламент, Унгарија е „хибриден режим на изборна автократија“

September 16, 2022 15:11
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Со усвојувањето на најновиот извештај, што е необврзувачки текст, со 433 гласа за (123 гласа против, 28 воздржани), Европскиот парламент „длабоко жали што отсуството на решителна акција од страна на Унијата придонесе за распаѓање на демократијата, владеењето на правото и основните права во Унгарија“.

Извештајот ја опишува унгарската држава како „хибриден режим на изборна автократија“, јави дописникот на МИА.

Усвојувањето на новиот извештај од страна на Европскиот парламент со кој се осудува владата на Виктор Орбан доаѓа додека Будимпешта се обидува да му даде гаранции на Брисел, за да не дојде до намалување на финансиите.

Ова е уште еден начин да се осуди владата на Виктор Орбан. Европратениците на пленарна седница во Стразбур, прогласија дека Унгарија повеќе не е вистинска демократија, усвојувајќи го извештајот предводен од француската европратеничка од редовите на Зелените, Гвендолин Делбос-Корфилд.

Од 2010 година, Унгарија е предводена од националистичкиот и ултраконзервативен премиер Виктор Орбан (59), кој тврди дека практикува „нелиберална демократија“ и одржува кооперативни врски со Русија на Владимир Путин.

Работите драматично се променија во Унгарија во изминатите години, подвлече Делбос-Корфилд за време на дебатата што претходеше на гласањето, особено истакнувајќи дека „независноста на судството е исто толку неверојатна во Унгарија како и во Полска“.

Знаеме дека самото семејство на Орбан ги враќа европските фондови, продолжи Делбос-Корфилд наведувајќи ги и „ограничувањата на пратеничките права“, шпионажата на новинарите, владината контрола врз универзитетите, „злогласниот закон“ против ЛГБТ лицата, „кој наликува на законите на Путин.“, но и заострување на условите за абортус. – Да беше Унгарија денес кандидат за влез во ЕУ, тоа немаше да биде можно, повеќе немаше да ги исполнува критериумите за членство, ова е тажната опсервација на извештајот, наведе Фабиен Келер, од групата Ренесанса на Европа.

Будимпешта гласањето го оцени како „навреда“ за Унгарците.

Сметам дека е навредливо за Унгарците што се доведува во прашање капацитетот на Унгарија за демократија, посочи шефот на унгарската дипломатија Петр Сијарто на прес-конференција во Будимпешта, изразувајќи изненадување што „некои“ во Стразбур и Брисел ја „понижуваат“ неговата земја.

ЕП во 2018 година поведе постапка против Унгарија за „Ризик од сериозно кршење на европските вредности“ (член 7 од Договорот за ЕУ). На земјата и се заканува и одземање на милијарди евра финансирање од ЕУ, поради загриженоста на ЕУ за корупцијата и условите за јавни набавки во Унгарија.

ЕК во април против Будимпешта го активира механизам без преседан, кој ја поврзува исплатата на средствата со почитувањето на владеењето на правото, в недела ќе им предложи на земјите-членки да го суспендираат поголемиот дел од средствата исплатени на Унгарија во рамките на политиката на кохезија. Но, ќе се погрижи да остави излез за Будимпешта: земјата може да ги избегне санкцијата доколку правилно ги спроведе најавените реформи во борбата против корупцијата. Земјите-членки ќе имаат до три месеци да одлучат.

Next Post
Фотомонтажа: РИБАРО

Тендер од 136 милиони е причината за кавгата со Арсовска, Мицкоски да каже која е неговата улога, реагираат од СДСМ

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk