Цивил ја продолжува серијата настани Зад димната завеса: Со референдумот, или на него со панел дискусија што ќе се оддржи денес со почеток во 13 часот, во Прес студиото на организацијата.
Учесници на панелот ќе бидат Благојче Атанасовски, политиколог, и Зоран Димитровски од Демократски сојуз, а настанот ќе го модерира Џабир Дерала, ЦИВИЛ.
Тема на панелот е иницијативата на ВМРО -ДПМНЕ за Референдум за поништување на Договорот Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, која вчера беше одбиена од Собранието на Република Северна Македонија.
Настанот ќе се пренесува во живо на онлајн каналите на ЦИВИЛ, Фејсбук и Јутуб.