ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ако парите им се сè, каков град е денес Скопје?

September 19, 2022 10:47
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

„Шпицен градоначалник“ во фудбалски термин значи напаѓач. На каде напаѓа таквиот играч, сите знаеме. Најпрво ги напаѓа парите кои му се потребни за развивање на инфраструктура; општините, вклучително и град Скопје, за него не се сервис на граѓани, туку негов „шпицен плен“ кој го освоил за време на изборите. Тендер коалициите, од друга страна, потребни му се за да вмрежува разни слоеви на граѓани кои, сосема логично, ќе му ја градат инфраструктурата за следните изборни циклуси.

Да бидам крајно отворен: македонскиот идентитет во светот (и главата) на Мицкоски се сведе на тендер-коалиции, на институции кои ќе носат пари, а со тие пари тој лично ќе располага.

Јас сега да прашам: каков е тој идентитет што го поврзува исклучиво пари? Каков е тој суверенитет кој го поврзува само брутален и сувопарен личен интерес? Каква е во крајна инстанца таа нивна традиција која ги обединува тие луѓе исклучиво во милионски суми?

И што сме тогаш ние другите, оние кои имаме некои „нормални“ надежи и очекувања, да речеме, како ќе го поминеме месецот, со што ќе грееме дома, дали ќе се топлиме на струја, на пелети или дрва? Што сме ние другите во светот на Мицкоски ако велиме дека не сакаме да нè клевети дека сме предавници, одродени и шпиуни. Какви се воопшто тие термини со кои не дефинираат неговите јатаци?

Мене желудникот ми се превртува кога ги слушам тие нивни војни исклучиво за пари. Така беше и во времето на Груевски. Десет години ломотеше за националниот идентитет, непомирливите разлики со соседите, за на крајот, да се испостави дека тие слогани, фрази и флоскули за него претставуваат идеално поле за пљачка на народни пари. Во милијарди евра. И Груевски, да бидеме на чисто, не пљачкаше сам, туку имаше орда од „народни луѓе“ кои учествуваа во неговите ујдурми. Имаше орда од луѓе кои за него извршува насилни и субверзивни акции.

Денес, кога ја слушам и гледам кавгата меѓу Мицкоски и градоначалничката на Скопје, повторно желудникот ми се превртува. Не знам дали да ја бранам како жена, влезена во „машка политика“, или да пуштам да се растргнат меѓу себе за превласт и контрола на парите оти, нели, тоа е нивниот „партиски плен“ освоен на локалните избори.

За неа, како жена, Мицкоски на прашањето „Што значи тоа шпицен градоначелник“, одговара – „таа“ нека одговори што значи шпицен градоначалник. Го гледате ли тој детаљ? Ние најчесто не гледајќи ги деталите, не гледаме како ни поминуваат и крупните работи. Во мицковото „таа нека одговори“ приметувам еден говор кој е насилен, навредувачки, шовинистички. Знам, некој ќе рече, еј, многу ја длабиш, пари се во прашање. Па не се само пари, драги мои, посреде е и насилство. Тоа класично „родно“ насилство на јазикот кое е суптилно, притаено, ама сепак е насилство.

Ако Мицкоски на Арсовска и вели дрско „таа нека одговори“, се поставува и едно друго прашање. Каков град е Скопје денес?  Дали денес Скопје е многу повеќе шовинистички град од времето на Шилегов? Дали Скопје денес е повеќе културен, филмски и театарски од времето на Шилегов? Дали Скопје денес е повеќе урбанизиран, отворен и космополитски град од времето на Шилегов? Ако мене ме прашате како јас се чувствувам кога ќе имам прилика да отидам во Скопје, ќе ви кажам: се чувствувам како меѓу кулиси од сопственото минато. Како да се наоѓам во сопствената подсвест. Многу чудно чувство: сè ми е некако познато, а сепак туѓо.

Грозно е чувствувото да се слуша Мицкоски. Грозно е чувството кога се слуша Арсовска како несмасно се брани. Ако и двајцата се тука исклучиво за пари, ако очигледно немаат автентични и граѓански политики, јас мислам дека најдобро е да си ги соберат парталите и си одат. И од едниот и од другиот не видовме ништо. Само кавги за пари и омраза кон соседите. Ако е тоа националниот идентитет на Македонците: парите и омразата, уште сега ќе се пријавам на список на одродените. Со гордост.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk