Во оглас објавен и во Службен весник, Министерството за цивилна заштита на Грција бара лица со познавање на македонски јазик (македонски-јужнословенски) за вработување во грчката Национална агенција за разузнавање, објави Ацо Лукароски на фејсбук страницата Македонски јазик.
„Ова е всушност прв официјален грчки документ во којшто се спомнува МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. При гостување на грчкиот канал News247, на Заменик-министерот за надворешни работи Јоргос Катругалос му било поставено прашање дали информацијата е точна и кои биле причините за ваквата одлука. Одговорот на Заменик-министерот бил дека тој термин е прецизиран во Преспанскиот договор и соодветно ќе се применува“, се наведува во објавата.