ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нов самит ЕУ-Западен Балкан во декември во Северна Македонија или Албанија

September 20, 2022 13:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

На почетокот на декември ќе се одржи нов самит на лидерите на ЕУ и на Западен Балкан, по прв пат во една од земјите од регионот, во Северна Македонија или во Албанија, објави РТС повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, тој состанок треба да даде нов, силен сигнал за посветеноста на ЕУ кон Западен Балкан, со порака до земјите од регионот да го искористат новосоздадениот политички амбиент во Европа, со цел да се подобри процесот на пристапување и решавање на отворените прашања во регионот.

Иако консултациите се уште траат, европските дипломатски кругови оценуваат дека Србија нема шанси да биде домаќин на оваа средба на највисоко ниво, пред се поради неусогласеноста на Белград со надворешната политика на ЕУ кон војната во Украина.

Позициите и реториката на Србија за санкциите против Русија и војната во Украина се неприфатливи за многу земји членки, наведуваат европските дипломати за РТС и оценуваат дека самитот „најверојатно ќе се одржи во Северна Македонија или во Албанија“.

Во Брисел оценуваат дека војната во Украина ја зајакнала свеста во Европа за важноста на политиката на проширување за стабилноста на континентот, што се покажува и со покажаната подготвеност за брз напредок во разговорите со Украина и другите земји кои до неодамна не беа дел од процесот.

Важно е земјите од Западен Балкан да не останат на страна и со тоа да го пропуштат моментумот за побрз напредок, наведуваат дипломатски извори и оценуваат дека во наредните месеци ќе се бараат начини за конкретен напредок во прашања како што е почеток на преговорите со Северна Македонија, поконкретен напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина, кандидатскиот статус за БиХ и барањето на Приштина за визна либерализација.

Пред самитот во декември, на 6 октомври во Прага ќе се одржи самит на таканаречената Европска политичка заедница, на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Овој нов формат треба да ги доведе на иста маса членките на ЕУ и оние земји кои немаат, или не сакаат перспектива за членство, обезбедувајќи платформа за редовна дебата за прашања од заеднички интерес за целиот континент, од безбедноста и енергетиката до климатските промени и поврзаноста.

Заедно со поканите за земјите од Западен Балкан, како што пренесува РТС, претседателот на Европскиот совет Мишел и чешкиот премиер Вијала на самитот ги поканиле и Велика Британија, Украина, Молдавија, Грузија, Турција, Азербејџан и Израел.

Германскиот канцелар Олаф Шолц го поддржа проектот за Европска политичка заедница, со предупредување дека тој не може да биде замена за проширувањето на ЕУ и најави „оживување“ на Берлинскиот процес и одржување нов самит на оваа иницијатива на 3 ноември во Берлин, со фокус на Зелената агенда и заедничкиот регионален пазар.

Многу земји-членки сметаат дека Берлинскиот процес е недоволно инклузивен формат, бидејќи собира само една третина од членките на ЕУ, и затоа е потребен сигнал за поширок европски политички ангажман на Балканот, меѓу другото и преку самитот на лидерите на ЕУ и на Западен Балкан, најавен за почетокот на декември во регионот, јави РТС.

Next Post

Украина функционира и во време на воена инвазија: Се подмируваат пензии, се спроведува ковид вакцинација

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk