ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Продолжуваат разговорите со Бугарија за струјата, Бектеши оптимист дека ќе се постигне договор

September 20, 2022 09:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска треба да одржи уште еден онлајн состанок со својот бугарски колега околу цената за набавка на струјата, а в четврток со директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски и со директорот на Национални енергетски ресурси (НЕР) Бајрам Реџепи ќе ја посети Турција каде, како што најави, во фокусот ќе биде енергетиката.

Бектеши е оптимист дека со Бугарија ќе се постигне договор и за тоа, како што рече, гледа добра волја. Во однос на разговорите со Турција, пак, ако има нешто конкретно, ќе информира кога ќе се врати.

-Разговорите за цената за набавка на струја од Бугарија не се завршени. Гледам добра волја за постигнување договор што ќе биде во корист на двете земји. Зборуваме за технички работи, за заеднички да се справиме со енергетската криза. Политикантството е оставено на страна. В четврток заминуваме за Турција. Ќе се разговара главно во секторот енергетика. Дали ќе има нешто конкретно, ќе информираме откако ќе се вратиме, изјави Бектеши по вчерашната средба во ИВЗ.

Северна Македонија, нагласи министерот, никогаш не побарала да плати електрична енергија по цена на берзата.

-Веќе имаме договор со Грција, со Бугарија, со Србија и со Косово да нема застој во делот на пограничните капацитети што значи дека берзите се отворени и такви шпекулации во однос на тоа дека ќе има намалување за 15, 20, 30 отсто од берзанската цена се невистини. Разговарав со Стопанската комора, ние ги знаеме нивните очекувања и преговорите ги водиме согласно очекувањата на компаниите што се на слободен пазар и во делот на количините и во делот на цената. Што се однесува на тоа што е проблемот и зошто досега немаме договор со Бугарија веќе се најавени одредени мерки од страна на Европската комисија, што треба да ги реализира и Бугарија како членка на ЕУ. Чекаме кои ќе бидат мерките усогласени целосно со Европската комисија, со цел нашиот потенцијален договор да не се коси со такви мерки, рече Бектеши.

Тој потсети на најавата од Европската комисија дека може да има замрзнување на цената на електрична енергија од 180 евра и порача, алудирајќи на опозицијата, да не се креира паника и да не се лиферуваат погрешни информации.

– Кој би потпишал договор од страна на Владата кога самата Европска комисија може да донесе одлука за замрзнување на цената на електрична енергија од 180 евра? Далеку се пониски цените што ги бараме ние и тоа што е пренесено во јавноста. Ако се донесе да нема поголема цена од 180 евра во наредниот период во делот на електрична енергија во рамки на ЕУ, како може цената да биде 400 евра која би можеле ние да ја договараме? Тоа е вон логика. Имаше такви најави претходната недела, имаше такви предлози од страна на Фон дер Лајен и секако ние ги следиме тие случувања и ќе бидеме дел на тие мерки што ќе ги носи Европската комисија. Тоа е многу важно да се наведе, а дополнително на тоа ние ги знаеме очекувањата на нашето стопанство што е на слободен пазар, истакна  Бектеши.

Министерот информира и дека нема најава за забрана за протокот на природен гас во земјава. Трговците, напомена, редовно ги снабдуваат индустриските капацитети со гас.

– Немам информација дека е запрен гасот за Северна Македонија. Имаме трговци кои редовно ги снабдуваат индустриските капацитети и другите потрошувачи со гас. Немаме никаква најава за забрана за проток на природен гас од интерконекторот што го имаме со Република Бугарија, рече Бектеши.

На прашањето дали ќе се склучи договор со „Макпетрол“ за набавка на природен гас, одговори дека за тоа треба да одлучи ЕСМ.

На 5 септември премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Галаб Донев се договорија да бидат извезени околу 200 мегават часови електрична енергија од Бугарија во Северна Македонија. Со Грција, пак, неодамна е договорено Северна Македонија непречено да се снабдува со лигнит, јаглен и мазут.

Поддршка за штедење струја од верските заедници

Министерот Бектеши вчера побара поддршка од верските заедници за штедење струја. Имаше средба со поглаварот на Исламската верска заедница (ИЗВ), реисот Шаќир Фетаху, а неделава се очекува да има состанок и со МПЦ. Секоја порака што ќе излезе од страна на ИВЗ и МПЦ кон верниците за заштеда на струја, ќе биде голема поддршка, нагласи министерот, доидавајќи дека целта е да се намали потрошувачката и да се ослободат поголеми количини електрична енергија за индустријата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk