ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ѓоргиевска: Eднаквото достоинство меѓу мажите и жените подразбира и правична валоризација на нивниот вложен труд

September 21, 2022 17:16
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Досегашните анализи на националните, регионалните и глобалните состојби упатуваат на една загрижувачка тенденција – и покрај напредокот во степенот на образованието на жените, на нивното работно искуство и стручност, сè уште нема рамноправна валоризација на трудот на жените, истакна  Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот на Република Северна Македонија, која денеска се обрати на конференцијата „Родова еднаквост на работно место“ во претседателскиот Кабинет.

Според Ѓоргиевска, причините за оваа дискрепанца меѓу декларативното и фактичкото во однос на примањата се многубројни, структурни и честопати гравитираат околу родово-базираната дискриминација со која се соочуваат многу жени и во македонското општество.

Принципот на еднакво вреднување за еднаква работа е еден од најстарите принципи на Европската Унија. Оттука, проблемот со нееднаквата заработка не е само економско и политичко, туку и прашања на правичност. Имено, еднаквото достоинство меѓу мажите и жените подразбира и правична валоризација на нивниот вложен труд. Жените кои се еднакво третирани се многу помотивирани да вложуваат во личниот и кариерниот развој, и со тоа да придонесуваат кон колективниот напредок на целото општество. Затоа, за да се затвори родовиот јаз и да се намали нееднаквоста на жените во економската сфера, ги поддржуваме мерките за економско јакнење на жените, за женско претприемништво, за праведно и достоинствено вреднување на работата. А со тоа ќе придонесеме кон постигнувањето на родова еднаквост, рече Ѓоргиевска.

Како што соопшти Кабинетот на Претседателот, главна цел на конференцијата, што се одржа под покровителство на сопругата на претседателот и во организација на Центарот за управување со промени (ЦУП) и Алијансата за родова еднаквост (ГЕА), е да се поттикне прашањето за родовиот јаз во платите, да се анализираат состојбите, трендовите и да се пренесе важна порака за значењето на надминувањето на родовиот јаз во платите како дел од комплексниот процес на унапредување на родовата рамноправност.

Поздравни обраќања на настанот имаа и Нина Ангеловска, претседателка на ГЕА и Неда Малеска-Сачмароска, извршна директорка на ЦУП. Во рамки на конференцијата се одржаа две панел-дискусии на тема „Состојбата со родова еднаквост на работното место во Република Северна Македонија“ и „Градење подобри работни места преку обезбедување родова еднаквост“.

Next Post

(ВО ЖИВО) Обраќање на премиерот Ковачевски на состанокот за Декларација за малцинства во ОН во Њујорк

Shortcut

Најново

СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

August 19, 2026
Фото извор: UNHCR

ЦИВИЛ: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk