ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Културата на злото е најразорната атомска бомба

September 23, 2022 12:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Голема е заслугата на Путин и на неговиот шнауцер медведев што светот почна да расправа за атомските бомби и нуклеарната војна како за временската прогноза. Дури, би рекол, со помала загриженост отколку за движењата на цените на лебот и на бензинот. Рускиот претседател и лутото му кутре, му донесе на човекот некаква форма на ослободување. Нуклеарното вооружување до скоро беше нулта тема, клучен фактор на одвраќањето, нешто, сепак, далеку од дневниот интерес на обичниот човек, затоа што тој знаеше дека таа опасност е толку голема што е просто нестварна и поради тоа не ѝ обрнуваше внимание. А денеска за ракетите со нуклеарни боеви глави се расправа како за претстојното олујно невреме.  Дури и со сета трагика што ја носи хидрогениката, но прилично левтерно: кај можат да паднат, кај може да биде разнесена радијацијата, какви се ружите на ветриштата, колку луѓе ќе загинат, колку време има нападнатиот да одговори, ќе се исушат ли орхидеите, колку парчиња лук треба да изедете во првите десет секунди ако нуклеарниот напад е на оддалеченост од цирка 100 километри, може ли да се води секс со озрачена особа, може ли да се направи салата од радиоактивна марула, колку градуса ракија поништуваат колку кирија зрачење, може ли да се бојкотира атмомскиот напад (вмро). Значи, вообичаен муабет, како за турските и шпански серии или за новата женска на Лео ди Каприо и шансите за единството на Британија под кралот Чарлс Трети.

Некоја чудна индоленција, која преминува во игнорантски фатализам (ќе се гине, та преку таквото ако се гине, нели постигнавме договор дека овој живот без вмро на власт и вака и така не вреди за курац) го заменуваат стравот и ја прескокнуваат фазата на паниката.

Така, меѓу другото, паѓа моќта на Путин и на Русија. Да сум на негово место сместа би го пратил Медведев на фронт или би го дал за производство на паштети за потребите на војската.

Јас мислам дека таквите реакции во еден дел се рационални, тие се израз на немоќта на обичниот човек да влијае врз развојот на ситуацијата и, од друга страна, на бесмислата да го потроши времето кое му преостанува во страв и паника.

Демек, дај уште едно пиво, пушти го Годар, бог да го прости и нешто старо од Ролингстонси (Тајм из он мај сајд или Сатисфекшн) па да гинемо.

Хахаха!

Но, има и еден друг поголем и поброен свет, светот на мнозинството, светот кој според Слапшак, „живее и одлично се чувствува во културата на злото“.

Таа култура, всушност, антикултура, според словенечката авторка, ја дефинираат „уништувањето на разумот, ступидификацијата, културата на лагата, хипертрофијата на заборавот…“

Сè е тоа обединето во културата на злото која се јавува како избор на мнозинството, не во тоталитарните системи, зашто таму избор нема, туку во демократските општества.

Културата на злото гледа на атомските бомби како што луѓето што чекаат Нова година гледаат на огнометите или како што загреаните посетители на фудбалските натпревари гледаат на петардите и на димните бомби. Всушност таа култура односно антикултура, е големата нуклеарна бомба на која седи човештвото. Огромни делови од човековиот род кои решија да се откажат од разумот, од правото, од вистината, од моралот, од институционалниот ред, од сопствената човечност, затоа што им се чини дека така влегуваат во царството на слободата и на одмаздата кон оние кои во мирот и стабилноста и просперитетот добиле повеќе, а тие не добиле ништо или добиле многу малку.

Јас не велам дека во таа филозофија, ако можам така да ја наречам, нема резони, особено во навистина неподносливите и, јас би рекол, просто неразумни разлики во распределбата на светското богатство, но не можам да видам како контрареволуцијата на културата на злото може да го поправи статусот на револуционерите.

Хахаха!

Сè ќе отиде по ѓаволите и без атомските бомби на Путин и неговиот шнауцер.

Таа култура на злото што ја шират социјалните мрежи, им го заматува погледот и на Македонците и тие не се во состојба да видат дека таа антикултура е основниот генератор на процесите, а не судирот меѓу вмро-дпмне и сдсм. Тој судир диктира нешто, тоа не е работа во рамките на демократскиот процес, туку против тој процес и со помош на него и на неговите институти, при што вмро-дпмне е злосторничка академија во рамките на културата на злото. Академија и мобилизациски центар, партиска и политичка лоша камуфлажа на злото.

Ова не е пофалба на сдсм.

Тоа воопшто не е тема.

Темата е како да ѝ се спротивставиме на културата на злото во која живеат и одлично се чувствуваат не само обичните злосторници, простаците, лузерите и напумпаните патриоти, туку е многумина од интелектуалната елита.

Вмро-дпмне е носач на звукот, но песната е друга. Во културата на злото како победничка категорија, Македонија не би можела да издржи ниту еден продолжен викенд.

Имаме среќа што народот ни е инертен, мрзлив, лајав, циничен, измочан во барутното полнење и, второ, имаме среќа што имаме власт каква што имаме, власт која го држи вистинскиот и единствениот спасоносен правец во бурните времиња што почнаа. Се разбира дека имаат еден куп слабости и фаули, но власта е една од ретките инстанции која работи и произведува стабилност и сигурност во времето во кои таа тема добива предност пред темата за дистрибуцијата на богатството. Мораме да бараме повеќе, но и да бидеме поблаги во оценките. Против таа власт можеме и да се бориме, но не јавајќи го коњот на културата на злото. Почитувајте ги повеќе институциите, тие и кога се малку или малку повеќе издишани, се нашите гуми за спасување.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Маричиќ: Ги подготвуваме институциите за целосно исполнување на европските стандарди за владеење на правото

Shortcut

Најново

Алиу: Првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти отвора нов пристап кон менталното здравје

June 6, 2026

Филипче: На што ќе се вади сега Мицкоски после пораките на Мерц и Макрон?

June 6, 2026

Случај „Мазут“: Може ли да има кривично дело ако нема утврдена штета?

June 6, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

June 6, 2026

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk