ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Стрик и Бутикофер: ЕУ не е комплетна без целосна интеграција, сакаме фер процес во кој билатералните прашања немаат влијание

September 23, 2022 13:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија не е комплетна без целосна интеграција на Западен Балкан, но овие зборови треба да се преточат во дела. Долго чекавте и моравте да направите многу согласности. Имаме чувство дека сето ова многу чинеше, зашто „францускиот предлог“ има барања што не се поврзани со пристапните критериуми, а што се содржани во Копенхашките критериуми. Целиот процес се загади со билатерални прашања за идентитет, јазик, историја, кои за нас се неприфатливи. Ние сакаме фер процес, со фер критериуми во кој нема толкаво влијание на билатералните прашања. Веруваме дека има само една добра перспектива и на среден и на долг рок, а тоа е целосна интеграција.

Ова денеска го нагласија европратениците од Зелените/Групата на ЕСА Тинеке Стрик и Рајнхард Бутикофер на јавна дискусија во Собранието на тема „Патот на Република Северна Македонија вo ЕУ – перспективи и пречки“ со Комисијата за европски прашања.

Ние сме силни поддржувачи на преговорите за пристап во Унијата, не само на Северна Македонија, туку на целиот Балкан. Секогаш сме биле гласноговорници за што побрзо признавање и препознавање дека се исполнети сите услови и критериуми да се започнат преговорите за пристап што побргу. Долго чекавте, моравте да направите многу согласности – Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и среќни сме што има напредок во моментов, но имаме чувство дека ова многу чинеше, рече Стрик, додавајќи дека тоа скапо не чинеше бидејќи „целиот процес се загади со билатерални прашања“.

Поради тоа, според неа, се предизвика длабока поларизација на општеството. Стрик истакна оти сакаат лично да видат како може да ги поддржат идните чекори на државата за овој процес да се врати на правилните „шини“, а да не биде оптоварен со други непредвидливи барања на патот кон Унијата.

Македонскиот идентитет и јазик не може да бидат порекнати во Европа. Целосно го препознаваме тоа и го поддржуваме и затоа сме гласни говорници во Европскиот парламент. Ќе имаме нов годишен извештај за Северна Македонија и ќе ја вклучиме оваа изјава многу јасно во извештајот, посочи Стрик и додаде оти е редно време и други земји членки на ЕУ да извршат притисок врз Бугарија со цел да се уверат дека барањата ќе се намалат.

Европратеничката нагласи оти се уште е потребна правилна примена на законите со цел да се осврнеме на корупцијата, владеењето на правото и многу прашања кои неопходно треба да бидат подобрени.

Според европратеникот Бутикофер, собраниската Комисија за европски прашања мора да биде камен темелник на процесот на пристапување.

Сакаме да испратиме јасен сигнал дека ние сме многу отворени за интензивна соработка, сакаме итнензивна соработка во Европскиот парламент. Нашата група е меѓу најсилните поддржувачи на пристапувањето на Северна Македонија во нашата Унија, во европското семејство на нации и ние ќе продолжиме со тој став иако гледаме дека Советот не секогаш беше фер имаше и празни ветувања. Но,  јас црврсто верувам дека има само една добра перспектива и на среден и на долг рок, а тоа е целосна интеграција. Секако нема да поддржиме ништо друго освен целосна интеграција, рече Бутикофер.

Тој посочи дека при денешната посета ќе се фокусира на неопходните реформи и кои се нашите приоритети во однос на реформите во трите димензии во однос на судството и правосдуството, на борбата против корупцијата и во одговорот за енергетската криза.

Претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми потенцираше дека Северна Македонија мораше да направи тешки компромиси, меѓутоа, како што рече, „без оглед на сите препреки верувам дека се исплати“. Нагласи дека како Собрание континуирано работат на агендата за евроинтеграции.

Крајно време е земјата да ги почне преговорите за членство и да ги продолжи преговорите со ЕУ со цел да се тресира нашиот европски пат, рече Адеми.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Штрајк на котнролорите на летање во Париз, воздушниот сообраќај намален за 40 проценти

July 3, 2025
Скриншот

Патнички брод потона кај Бали, четворица загинати, 38 исчезнати

July 3, 2025
Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

ОН за човекови права: Властите во Белград да ја почитуваат слободата на изразување и собирање; Во Белград целосен прекин на градскиот јавен транспорт

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk