ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Законски измени за монопол на Пошта во резервираните поштенски услуги до крај на 2023 година

September 23, 2022 13:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пошта на Република Северна Македонија да има ексклузивно право да обезбедува резервирани поштенски услуги до 31 декември 2023 година, предвидува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за поштенски услуги, што по скратена постапка, денеска доби поддршка од матичната собраниска Комисија.

Комисијата за транспорт, врски и екологија, без дискусија го проследи Предлог-законот на натамошна постапка во Собранието, откако заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи извести дека за предложените законски измени не се доставени амандмани.

Целта на Предлог на законот е да се обезбеди период за усогласување на работењето на Пошти на Република Северна Македонија согласно со потребите кои ќе произлезат од либерализацијата на поштенските услуги, стои во образложението од Министерството за транспорт и врски.

Со Предлогот се додава нов член 41а, со кој на националниот операторот му се дава можност да продолжи да ја дава универзалната услуга со која ги обезбедува пратките за кореспонденција од стандардна категорија во првата тежинска стапка.

Резервираните поштенски услуги давателите се должни да ги обезбедуваат по цена најмалку два и пол пати повисока од цената по која давателот на универзална услуга ги обезбедува пратките за кореспонденција од стандардна категорија во првата тежинска стапка. Ограничувањата за тежина и цена од ставот (1) на овој член се однесуваат и на услугата на директната пошта. Забрането е давателите на поштенски услуги да обезбедуваат пратки за кореспонденција и услуги на директна пошта од ставовите (1) и (2) на овој член по цени пониски од пропишаното ограничување, гласи членот 41а.

Можноста националниот оператор да има ексклузивно право да обезбедува резервирани поштенски услуги до 31 декември 2023 година е предвидена во член 4.

Пазарот на поштенските услуги беше накратко отворен за целосна конкуренција на 1 јануари минатата година, кога беше укинат поштенскиот монопол, но на 14 јули 2021 година беше воведена законска измена со која последователно се врати поштенскиот монопол. Целосно отворање на пазарот повторно се случи на 1 јануари годинава, а со предложените измени и дополнувања на Законот за поштенски услуги, повторно треба да се овозможи екслузивно право за националниот оператор за резервираните поштенски услуги. Резервираниот дел  за Пошта на Северна Македонија  како давател на универзалната услуга се однесува на пратките за кореспонденција (писма и поштенски картички) до 50 грама со ексклузивно право во однос на цената. И приватните поштенски оператори можат да ја извршуваат и резервираната поштенска услуга, но со цена повисока за најмалку два и пол пати од таа по која ги обезбедува давателот на универзалната услуга. 

Next Post

(ВИДЕО) Урнебесна мобилизација на руски начин

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk