ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Нема да ги коментирам изјавите на Ангел Димитров додека не завршат изборите во Бугарија

September 26, 2022 13:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема да коментирам за односите со Бугарија додека траат изборите таму, бидејќи тогаш сите наши изјави стануваат дел од политичката борба и навистина не би сакал да влијаам во тој процес, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите запрашан за коментар за ставовите на копретседавачот од бугарска страна на заедничката Комисија за историски и образовни прашања, Ангел Димитров околу наводната неподготвеност на земјава за промени.

Ќе ги задржам моите коментари после 2 октомври, изјави Османи, додавајќи дека со официјална Софија веќе е разговарано околу честите политички изјави на Димитров.

Во однос на спорниот учебник по историја за седмо одделение, Османи изјави дека тој веќе е повлечен со одлука на претходната министерка за образование, поради навредливата содржина кон другите етнички заедници.

Имаше во јавноста една дебата и тогаш со одлука на министерката таа книга беше повлечена и ние само ја информиравме бугарската страна дека всушност таа е повлечена од образовниот процес, истакна Османи.

Шефот на дипломатијата нагласи дека две точки од Протоколот со Бугарија се веќе исполнети и за тоа е информирана бугарската страна со нота.

Прво, е повлечена книгата по историја, и тоа беше обврска на државата, повеќе поради говор на омраза на етничка основа и тоа не само кон Република Бугарија, туку и кон други заедници во државата. Второ, објавени се резултатите во рок од еден месец по потпишување на Протоколот. Значи тие две точки веќе се  исполнети, рече Османи.

Тој нагласи дека Работната група за исполнување на Договорот со Бугарија е веќе формирана и пополнета со членови, претставници од институциите и очекува оваа недела таа да го одржи првиот состанок.

Не е само интерресорската група, туку и работните групи на поединечните теми и тоа е нормален работен процес, со цел да се следи имплементацијата на Договорот со Република Бугарија, додаде шефот на дипломатијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk