ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Забрчанец за „Политика“: Наскоро идентификациски број за граѓаните на „Отворен Балкан“

September 26, 2022 11:27
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Координаторот на „Отворен Балкан“ во Владата, Марјан Забрчанец,  за белградска „Политика“ најавува дека наскоро ќе се активира идентификациски број за граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија, благодарение на што ќе можат непречено да работат во приватниот сектор во која било од тие три земји.

Многу наскоро ќе се активира идентификациски број за граѓаните на „Отворен Балкан“ (ОБ ИД број), благодарение на што тие ќе можат непречено да работат во приватниот сектор во која било од овие три земји, без нострификација на дипломите, чекање на работни дозволи и какви било други административни бариери, изјави Забрчанец за „Политика“.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, тој додаде и дека во завршна фаза се подготовките за воспоставување единствен електронски систем за наплата на патарините во сите три земји.

Пред нас е тешка зима на енергетски и економски план, затоа „Отворен Балкан“ е мобилизиран на ниво на кризни работни групи за да се погрижи секоја од трите земји лесно да ги помине студените денови, врли Забрчанец.

Тој посочува дека односите меѓу Србија и Албанија се најдобри досега, како и односите меѓу Северна Македонија и Албанија.

Според него, направен е значаен исчекор со формирањето на работна група чија цел е формирање на заедничка агенција за инвестиции „Отворен Балкан“, која ги имала првите средби за време на Меѓународниот саем за вино што неодамна се одржа во Белград.

Забрчанец вели дека е започнат процесот на создавање заедничко инвестициско портфолио како пазар од над 12 милиони граѓани со сиот човечки, економски и природен потенцијал што го поседуваат државите заедно.

Целта е јасна, да се понудиме на големите инвеститори од САД, како и да ги привлечеме ЕУ и светот како регион каде што можат да ги прошират своите деловни потфати, додава Забрчанец.

Според него, „Отворен Балкан“ има јасна политичка цел, а тоа е секоја од земјите од Западен Балкан да стане членка на ЕУ и оваа иницијатива е пред се европска и не може да биде замена за ЕУ.

Тој посочи дека „Отворен Балкан“ носи конкретни резултати, опипливи придобивки за компаниите и граѓаните, олеснето движење, бизнис, помош меѓу земјите во услови на енергетска криза и криза со храна, како и помош во случај на природни катастрофи, без притоа во исто време да се попречува секоја друга иницијатива.

Next Post

Македонската фудбалска репрезентација денеска ја пречекува Бугарија

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk