ВМРО ДПМНЕ нема кадри за раководни позиции во општина Струмица, истакнува градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, откако им предложил да дадат пет нивни луѓе за раководни места во градот, а тие ја одбиле понудата.
„Откако ме прашаа дали ќе има промена на раководните позиции, им предложив, дајте сега 5 ваши луѓе и ќе ги поставам на раководни места. Понудата ја одбија, немале луѓе“, вели Костадинов.
„Го имам најдобриот тим во државата и заедно продолжуваме со работа до крајот на мојот мандат. Вредно и транспарентно, за моите струмичани и нашата Струмица!“, нагласува струмичкиот градоначалник





