Соработката меѓу нашите држави доживеа вистински подем со иницијативата Отворен Балкан иако постоеше и претходно. Во овој момент институциите на Северна Македонија, Албанија и Србија се во редовен контакт, брзо реагираат на секој предизвик, се познаваат меѓу себе, се изградија пријателства, вели во интервју за „Локално“, националниот координатор за регионална соработка и европски интеграции, Нола Исмајлоска-Старова, која ја презема и координацијата за подготовка на договорите во иницијативата „Отворен Балкан“.
За придобивките од иницијативата, Старова истакнува дека најавен е нов театарски фестивал на Отворен Балкан а и соработка во областа на аудиовизулените уметности и филм.
Сепак, за најзначајна придобивка би ја истакнала желбата на администрацијата да биде вклучена во oвој проект, ефикасноста и резултатите кои зближувањето ги носи во поглед на нови идеи, истакна таа.
Во однос на одбивањето на претседателот на Комисијата за надворешни работи, Антонио Милошсоки кој што треба да ја закаже седницата каде што треба да се ратификуваат договорите кои произлегуваат од соработката од Отворен Балкан, Старова смета дека изјавата на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека немаат доволно информации за иницијативата, очигледно е само изговор за да се закочи проектот.
Целото интервју – на Локално.мк