Пет ученици од средното училиште „Зеф Љуш Марку“ во Скопје се победници на националниот натпревар NASA Space Apps Challenge, соопштија од „Младинскиот центар Чаир“.
Под менторство на Ндерим Нагавци, членовите и волонтери Јасир Идризи, Кренар Ахмети, Дијар Селами, Ендрит Шаќири и Анди Ганиу се натпреваруваа помеѓу бројни екипи од целата земја, и не само што се на првото место, туку и се здобија со право за посета на Вселенскиот центар Кенеди на НАСА, во САД, се вели меѓу другото во соопштението од Младинскиот центар Чаир.