ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Ковачевски: Проектираме раст на БДП и за идната година, ЕСМ е со зголемено производството за 27%, потребите на пазарот се задоволени

October 7, 2022 23:20
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски во гостување во информативниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 вели дека стагфлацијата не е непознат во економијата и го има и во другите држави. Стагфлација е состојба на економијата која се карактеризира со општ скок на цените инфлација со пад на производството.

„Тоа е дел од извештајот на Светската банка кој што се однесува на Северна Македонија, меѓутоа доколку ги видите извештаите и за другите држави, тогаш ќе видите дека тој феномен важи и за другите држави, вклучително најмногу европските држави. Феноменот на стаглфлација не е непознат во економијата, тој се има случувано, тоа се негативни стапки на економски раст, намалување на невработеноста и зголемување на инфлацијата“, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски рече дека привршуваат преговорите со ММФ и очекуваат позитивни одговори. Ковачевски додаде дека има зголемување на цените на основните продукти и енергенсите, поради што Владата ги замрзнала маржите на истите.

„Ги привршуваме и преговорите со ММФ со позитивни очекувања. Сметам дека во наредните неколку дена, Министерот за финансии ќе има позитивна вест и за економијата, за буџетот и за граѓаните од преговорите со ММФ“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека Владата е во постојана комуникација со стопанските комари и бара решенија за нивните високи сметки на струја. Како што кажа Ковачевски, начините на кои може да се помогне е со набавка на електрична енергија по пониска цена или субвенционирање на електричната енергија што ја плаќаат компаниите.

„Дадовме задача како Влада на државниот производител, ЕСМ, да го зголеми производството за 25 отсто. Тие го надминаа тоа за 2 отсто и за 27 отсто е зголемено производството. Целиот регулиран пазар е задоволен од наше производство на струја“  изјави премиерот Димитар Ковачевски во „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека иако државата работи со производствени капацитети изградени во поранешна Југославија, сепак се постигнува.

„Во земјава не е инвестирано 30 години во голем електро-енергетнски капацитет. Како што тече производството на струја во РЕК Битола, така се прави ремонт на вториот блок“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека до Собранието се поднесени и законски измени со цел олабавување на процедурите за инсталација на фотоволтаици, како за домаќинствата, така и за компаниите.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Русија и Украина не постигнаа договор за прекин на огнот, ќе има размена на војници и цивили

July 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ЕУ го отвора патот за Албанија за последното поглавје од преговорите

July 23, 2025

Каранфилова Пановска: Штетна е Резолуцијата што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ, отвора прашање за јазикот што веќе е затворено

July 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на CNN

    (ВИДЕО) CNN eксклузивно: Новооткриените фотографии и видео ги потврдуваат врските на Трамп со Џефри Епштајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ го отвора патот за Албанија за последното поглавје од преговорите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk