На Кримскиот мост, кој ја поврзува Русија со привремено окупираниот украински Крим, горат цистерни со гориво, а дел од патот е уништен, јавуваат воздухопловните сили на вооружените сили на Украина на Телеграм, пренесува Укринформ.
„Утро на Кримскиот мост. Се запалија резервоарите за гориво. Уништен е дел од патот! Се ќе биде Украина!“ напишаа украинските воздухопловни сили.
Советникот во Кабинетот на украинскиот претседател Владимир Зеленски, Михаил Подољак, на Твитер, прикажуваќи фотографија од мостот, вели – „Крим, мостот, почеток. Сè што е нелегално мора да биде уништено, сè што е украдено мора да се врати во Украина, сè што е окупирано од Русија мора да биде протерано“
Crimea, the bridge, the beginning. Everything illegal must be destroyed, everything stolen must be returned to Ukraine, everything occupied by Russia must be expelled. pic.twitter.com/yUiSwOLlDP
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) October 8, 2022
На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа дека е оштетен и коловозот.
Претходно, утрово, руските медиуми, повикувајќи се на „властите“ на привремено окупираниот Крим, објавија дека сообраќајот преку Кримскиот мост е прекинат откако се запалил резервоар со гориво.
Мостот е направен од страна на Руската Федерација после анексијата на Крим во 2014 година, a е отворен од Путин во 2018 година. Мостот е еден од симболите на руската агресија врз Украина.
Подготви: Ј. Ѓорѓиоски