Новинарот Борјан Јовановски реагираше со остар демант за навредите и клеветите од Божидар Божиновски. Неговата реакција ја пренесуваме во целост:
Објавата на еден од армијата ботови во која е содржана клевета упатена на моја адреса е пракса или изблик само на една од разните форми на политичко социјалниот примитивизам на кои одамна навикнав и покрај бројните последици врз мене кои произлегоа од таквите објави. Сепак, со оглед на тоа што „ботот“ Божидар Божиновски со неговата објава дека наводно сум влијаел врз уредништвото на Телевизија 24 да не се појавува на нивната програма притоа квалификувајќи ме како „фашист“ e пренесена од некои портали кои, се разбира, не се обратиле до мене за да ја проверат веста, должен сум да го демантирам истото и да побарам од Здружение на новинарите на Македонија – ЗНМ да реагира соодветно.
Патем, исто така, во прилог на овој демант должен сум да упатам извинување до моите колеги во проектот okruzenje.com на кој во март 2021 година им сугерирав да објават колумна од истиот Божидар во обид да му овозможам промоција пошироко во регионот. За истата колумна Божидар беше соодветно хонориран.
Се разбира, за оваа моја одлука не барав да се заблагодари, но најмалку очекував дека ќе ме клевети и дека ќе ме нарекува „фашист“. Целта на овој пост е апел до јавноста која е свесна за последиците од ширењето на клевети и лажни вести секогаш да реагира на таквите објави за да се спречи една од најмалигните феномени на денешницата.
Во прилог е линкот до колумната на овој млад човек со вжештен биохемиски состав објавена на регионалниот портал okruzenje.com каде сум ангажиран како координатор за Македонија. https://okruzenje.com/…/mojo-kilington-skoplje-juvax…/
П.С Мирка и Миленко имаат пресуди за клеветнички објави против мене.