Оштетувањето на Кримскиот мост на теснецот Керч, најверојатно, ќе има значително влијание врз веќе затегнатата способност на Русија да ги одржи своите сили во јужна Украина, соопшти британското Министерство за одбрана на Твитер, пренесува Укринформ.
По експлозијата што вчера (8 октомври) го оштети мостот, две од четирите коловозни ленти се урнаа на неколку места во должина од приближно 250 метри. Транзитот на некои возила преку другите два коловзни ленти, најверојатно е обновен, но капацитетот ќе биде сериозно намален, соопшти Министерството.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 09 October 2022
Find out more about the UK government’s response: https://t.co/FEGhiU7s8U
?? #StandWithUkraine ?? pic.twitter.com/IuMKDQ1Xt6
— Ministry of Defence ?? (@DefenceHQ) October 9, 2022
„Не се знае точно колкава е штетата на железничкиот премин, но секое сериозно нарушување на неговиот капацитет многу веројатно ќе има значително влијание врз веќе неизвесната способност на Русија да ги одржи своите сили во јужна Украина“, се вели во извештајот.
Железничкиот премин беше отворен за товар во јуни 2020 година, но линијата одигра клучна улога во преместувањето на тешките воени возила на јужниот фронт за време на инвазијата врз Украина.
„Овој инцидент веројатно тешко ќе го погоди Путин; се случи неколку часа по неговиот 70-ти роденден, тој лично го спонзорираше и го отвори мостот, а неговиот градежен изведувач беше неговиот пријател од детството, Аркадиј Ротенберг“, соопшти британското разузнавање.
Во последните месеци, поранешниот телохранител на Путин, сега командант на руската национална гарда, Виктор Золатов, даде јавни гаранции за безбедноста на мостот.
На 8 октомври избувна пожар на мостот на теснецот Керч што ги поврзува Русија и привремено окупираниот украински Крим. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа воз на железничкиот мост Керч во пламен, при што се чини дека соседниот патен мост претрпел штета.
Службата за безбедност на Украина не ја коментира нејзината наводна вмешаност во експлозијата и пожарот на Кримскиот мост.
Подготви: Ј. Ѓ.