ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими и Ангелоска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон

October 12, 2022 13:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Делегација од Република Северна Македонија предводена од министерот за финансии Фатмир Бесими и гувернерката на Народна банка Анита Ангеловска-Бежоска од денеска престојуваат во Вашингтон каде што ќе учествуваат на Годишните средби на ММФ и Светска Банка. Годишните средби се фоkусирани на барање одговори за кризата со енергенсите и храна, промовирање инклузивен раст, инвестиции за климатски промени, како и инвестирање во човечкиот капитал, информираат од Министерството за финансии.

Средбите, на едно место ги обединуваат министри за финансии, гувернери на централни банки, претставници на бизнис-заедницата, на невладиниот сектор и експерти кои имаат можност да дискутираат за актуелни прашања и да изнајдат можности за нивно надминување. Тоа е можност и за одржување на формални и неформални состаноци помеѓу присутните.

Како што соопштија денеска од МФ, министерот Бесими за време на престојот во Вашингтон ќе реализира повеќе состаноци со високи претставници на овеи меѓунaродни институции. Меѓу нив се средба со извршниот директор на Светска банка, Кун Давидсе, потпретседателот на Светска банка, Ана Бјерде, регионалниот директор за Западен Балкан, Ксијаокинг Ју и со директорот на Светска банка за земјава, Масимилијано Паолучи.

Исто така, ќе се сретне и со  извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс, директорот на Одделот за Европа на ММФ, Алфред Камер, шефот на мисијата на ММФ за РС Македонија, Бергјот Бјорнсон Баркбу и регионалниот претставник за Западен Балкан, Штефани Ебле.

Министерот за финансии ќе оставари средба и со претставници од Трезорот на САД, како и со претставници од Европската банка за обнова и развој и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ).

На состаноците министерот ќе ги истакне напорите и мерките што ги презема Владата за справување со енергетската и ценовната кризата, истовремено и одржување макроекономска стабилност. Според МФ, значајно во пресрет на одржувањето на овие состаноци е и изјавата од ММФ дека РС Македонија ќе биде корисник на Програмата за претстазливост и ликвидност, која е потврда за здравите економски политики.

Заострувањето на геополитичките состојби во Европа, особено ситуацијата со испораката на гас, навестува тешка зима за целото европско тло, за нас како дел од тоа европско тло, и за светот генерално. Оваа криза е од такви размери што ние како мала економија во развој не може да ги апсорбира сите ефекти. Затоа клучно е единството и солидарноста во нејзиното надминување и поддршката во овие моменти, порачува министерот за финансии Фатмир Бесими.

На средбите ќе бидат истакнати мерките што се преземени за справување со кризата и нивното финансирање.  Фискалната одржливост и реформите што се планирани со неодамна донесeниот нов Закон за буџети, кој претставува клучна реформа за поголема отчетност, дигитализација и подобро долгорочно планирање. Дигитализација на процесите со воспоставување на ИФМИС системот,  проект кој се спроведува со поддршка на Светска банка.  Но, исто така акцентот ќе биде ставен и на инвестициите кои државата ги планира во секторот енергетиката, во обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, диверзификација на обезбедување енергенси и поддршка на нивната реализација, што се покажа особено значајно во оваа криза.

Годишните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон се одржуваат од 10 до 16 октомври 2022 година.

Next Post

Од полноќ ново поскапување на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk