ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Претседателот Пендаровски ги прими победниците на „НАСА спејс апс челинџ 2022“

October 12, 2022 15:21
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими средношколци кои победија на годинашното македонско суперфинале од 48-часовниот хакатон „НАСА спејс апс челинџ 2022“, во организација на Американската агенција за вселенски истражувања НАСА.

Претседателот Пендаровски беше информиран за високиот потенцијал на реализираните проекти на неодамнешниот натпревар, што резултира со избрани два победнички тима од страна на жири комисијата, за прв пат во 10 годишното одржување на „НАСА спејс апс челинџ“, кај нас. На средбата победниците говореа за нивните импресии и искуствата од хакатонот, како и за различните области на познавање кои им биле неопходни за реализација на нивните решенија, соопшти кабинетот на шефот на државата.

Учениците од гимназијата „Зеф Љуш Марку“,  кои го сочинуваат тимот YCCC-SPACE EAGLES ја прикажаа нивната интерактивна мобилна апликација и интернет страницата преку која можат да се истражуваат позициите и големините на кратерите на Месечината предизвикани од земјотреси, користејќи сеизмички и геофизички податоци добиени од НАСА. Нивното решение е достапно на интернет страницата: https://www.moonquakes.earth а целосниот проект на којшто работеа на линкот: https://2022.spaceappschallenge.org/…/space…/project.

Вториот победнички тим, AERTH, составен од ученици од гимназиите „Раде Јовчевски Корчагин“ и  „Орце Николов”, го запознаа претседателот Пендаровски со нивното решение кое овозможува следење и предвидување на движењето на Меѓународната Вселенска Станица, притоа осознавајќи многу интересни и значајни факти за силите кои влијаат на нејзината траекторија. Изработката на ова решение наложува познавања од математика, орбитална механика, физика и програмирање, а достапно е на нивната интернет страница: https://aerthisstracker.study. Нивниот целосен проект, пак, е достапен на линкот: https://2022.spaceappschallenge.org/…/teams/aerth/project.

Претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на овој интернационален настан кој го препознава исклучителниот квалитет, амбициозност и талент кај нашите млади луѓе, поттикнувајќи го нивниот интерес за STEM технологиите. Упатувајќи честитки до победниците, тој изрази задоволство што од нашата држава континуирано произлегуваат високо мотивирани и креативни профили од различни области, кои тимски ги совладуваат зададените сложени предизвици на овој натпревар.

Во таа насока, Пендаровски изрази уверување дека учесниците коишто ќе го посетат „НАСА Кенеди спејс центарот“ во Флорида, САД, ќе ја искористат оваа заслужена привилегија за нивниот натамошен личен и професионален развој, кој пак несомнено ќе има позитивен придонес кон пошироката заедница во која живеат, сенаведува во соопштението од кабинетот на претседателот.

Next Post

Пендаровски го прими Извештајот на ЕК за напредокот на Република Северна Македонија за 2022 година

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk