ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Европската комисија констатира „растечки закани од дезинформации“ во Северна Македонија

October 14, 2022 12:32
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Дезинформациите во македонскиот интернет простор се шират забрзано и ги има сè повеќе. Загриженост за ова прашање истакна и Европската комисија во најновиот Извештај за 2022 година за напредокот на Северна Македонија во нејзиниот евроинтеграциски пат, пишува Вистиномер.

Во Извештајот се вели дека постојат „растечки закани од дезинформации“, а како главен извор на различни видови на дезинформации ги посочуваат онлајн медиумите и социјалните мрежи.

Онлајн медиумите не се регулирани со конкретен закон, а постојат различни ставови за потребата од регулација, особено во поглед на растечките закани од дезинформации. Онлајн медиумите и платформите на социјалните медиуми се главниот извор на дезинформации, мисинформации, говор на омраза, прекршување на професионалните стандарди и прекршување на правата на интелектуална сопственост, се вели во Извештајот на ЕК за 2022 година.

Во контекст на дезинформациите коишто доаѓаат во врска со војната во Украина, од Комисијата во Извештајот го нотираат фактот дека Владата во март 2022 година го забранила реемитувањето на руски ТВ канали со измена на Законот за рестриктивни мерки.

Говорот на омраза е забранет и онлајн и офлајн, но тој опстојува на интернет, потенцираат од Европската комисија.

За Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги забележуваат дека била проактивна во промовирањето на медиумската писменост, родовата еднаквост во медиумските програми, како и во осудата на притисоците и заканите врз новинарите и медиумите. Притоа се додава дека:

Транспарентноста на медиумската сопственост е законска обврска за аудио-визуелните и печатените медиуми. Сепак, нема законски обврски за онлајн медиумите во однос на сопственоста на медиумите.

Во однос на хибридните закани, од Комисијата нотираат дека Северна Македонија го завршила истражувањето за хибридни ризици на ЕУ со цел да се идентификуваат системските ранливости и да се рационализира помошта што ја дава ЕУ на ова поле.

Врз основа на препораките на ЕУ од истражувањето, владата ја усвои Националната стратегија за градење отпорност и справување со хибридни закани (2021-2025), заедно со Акционен план во декември 2021 година каде што е вклучен широк опсег на активности за справување со предизвиците на дезинформации и хибридни закани, велат од ЕК.

За да се подобри ситуацијата, според Комисијата, потребни се кампањи да се информираат засегнатите страни и пошироката јавност за да може да се зголеми нивната отпорност наспроти дезинформациите.

Од Европската комисија додаваат дека медиумските здруженија треба да продолжат со промовирање на воспоставениот регистар на онлајн медиуми (promedia.mk) со цел да се зголеми професионалноста и стандардите на онлајн новинарството.

„Вистиномер“ со користење на својата стручна, сеопфатна и стандардизирана методологија за проверка на факти во изминатата година дебанкираше стотици невистинити објави на различни теми, како на социјалните мрежи така и дезинформации објавени во медиумите.

Дезинформациите не се проблем само во Северна Македонија

Дезинформациите се глобален проблем и не се присутни само во С. Македонија. Европската Унија и земјите членки, исто така, се соочуваат со овој предизвик кој е брзорастечки.

Марија Габриел, европската комесарка за иновации, истражување, култура, образование и млади пред неколку дена изјави дека:

Дезинформациите се шират на интернет шестпати побрзо од вистината.

Таа се повика на студија, според која 80 отсто од граѓаните на ЕУ ги гледаат лажните вести како проблем во нивната земја и за демократијата. Според неа, податоците покажуваат дека половина од Европејците на возраст од 15 години не знаат како да разликуваат дезинформации. Еврокомесарката посочи дека дезинформациите доведуваат до поделеност во општеството и предизвикуваат штета.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Принтскрин

Николовски: Граѓаните да не се грижат, храна ќе има доволно, добро е што се воспостави Отворен Балкан

НАЈНОВО

Намален бројот на барања за азил во ЕУ, Германија повеќе не е главна дестинација

September 8, 2025

Летонија нареди 841 руски државјанин да ја напуштат земјата

September 8, 2025

Петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница – Гостивар

September 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница – Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Атанасовски за Сител: Очекувам победа на Герасимовски во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската хибридна војна против Европа (1): Европа конечно признава дека е нападната

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk