Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница ќе го разгледува Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2022 година.
На дневниот ред на седницата е и Предлог Деловникот за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Антикорупција, како што е најавено, на седницата ќе работи и по конкретни предмети, прашања и предлози.