ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Со македонски идентитет веќе преговараме во ЕУ

October 17, 2022 12:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско прашање да даде коментар на изјавите на одредени бугарски историчари, дека македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ бил Бугарин, а по повод канонизацијата на Кирил Пејчиновиќ во Лешочкиот манастир, рече дека историчарите треба да се занимаваат со историјата, а политичарите ќе се занимаваат со политиката. Тој оцени дека на тој начин ќе имаме и добри добрососедски односи и побрз напредок на државата во полноправно членство во ЕУ.  

Јас присуствував на вечерната богослужба по повод канонизацијата на Кирил Пејчиновиќ и тоа беше еден исклучително свечен свет настан на којшто присуствуваа голем број на граѓани во Лешочкиот манастир. Таму имаше граѓани од повеќе делови на државата, имаше граѓани од различна политичка провиниенција бидејќи бев и јас, меѓутоа и претставници на политички партии, четири владици… И тоа беше чин со којшто ние го негуваме нашето и духовно и културно наследство македонско. Тоа што некој сака да провоцира тоа е негов проблем. Ние точно знаеме што е нашата историја. Ние точно знаеме што е нашата култура. Ние точно знаеме што е нашиот македонски јазик сега веќе признат во целата Европска Унија. Во тоа наскоро ќе се уверат сите граѓани кога ќе го потпишеме договорот Фронтекс со ЕУ и со македонски идентитет веќе преговараме со ЕУ, нагласи Ковачевски.  

Тој повтори дека комуникацијата помеѓу државите се одвива на официјално ниво помеѓу претставници на институциите, значи луѓе од политиката, меѓутоа, вели, „секогаш постојат и други интереси, други личности кои сакаат да ги нарушат односите помеѓу две држави и обично со свои изјави предизвикуваат негативни чувства, предизвикуваат нешто што вие го нарекувате и јас го нарекувам провокација“.

Треба да бидеме смирени, бидејќи имаме многу јасна преговарачка рамка со ЕУ каде што историските прашања за коишто сега ме прашавте се дел од работата на историската комисија во која што има 14 историчари по седум од двете страни и тие историчари заедно со консензус мора да ги донесат сите решенија. Значи, не може без кој било од тие историчари што се во комисијата да се донесе кое било решение и јас на историчарите им препорачувам тие да се занимаваат со историјата, политичарите ќе се занимаваат со политиката и на тој начин ќе имаме и добри добрососедски односи и побрз напредок на државата во полноправно членство во ЕУ, истакна тој.  

Вели дека не може да зборува во името на официјална Софија, туку само во име на официјална Северна Македонија и официјално во име на нашата Влада.

Вие гледате дека ние имаме многу јасен став по однос на сите прашања коишто може да се сметаат за провокација и секогаш и јас и министрите ги повикуваме институциите да работат во рамки на своите надлежности и да ги спроведуваат законите на територијата на државата без разлика на кого се однесуваат тие закони, заклучи Ковачевски.

Next Post

Поставена првата ветерна турбина во ветерпаркот Богословец

Shortcut

Најново

Мислете му ја!

November 17, 2026
Фото: Скриншот од Youtube/Google DeepMind

Вештачката интелигенција и роботиката: Светот отвора нови технолошки хоризонти

November 17, 2026

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026
Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk