ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Наставнички плати: Кои земји во Европа плаќаат најмногу, а кои најмалку?

October 17, 2022 12:09
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Често се вели дека наставниците треба да се третираат како херои во едно општество со оглед на нивната одговорност за развојот и едукацијата на идните генерации но иронично кога ќе се погледне нивната плата тие и понатаму се далеку од тоа како општествата гледаат на нив.

Минатиот месец наставничкиот кадар маршираше во Будимпешта во знак на протест против нискиот стандард со кој живеат наставниците. За овој месец најавен е голем штрајк на наставничкиот кадар и во Велика Британија.

Колку се платени наставниците во Европа? Кои земји ги плаќаат наставниците најмногу, а кои најмалку? И колку се променија платите на наставниците во последната деценија?

Официјалните годишни бруто почетни плати во државните училишта во основното и средно образование се движат од околу 4.233 евра во Албанија до 69.076 евра во Луксембург во 2020/2021 година, според податоците од Европската комисија/EACEA/Eurydice.

На Балканот најдобро стојат наставниците во Црна Гора со преку 9.000 евра бруто годишна плата додека наставничкиот кадар во Македонија има 7291евра. Со под 7.000 евра во регионот се Србија и Босна. Наставниците во Финска кои редовно покажуваат најдобри резултати во образованите на светско ниво се наоѓаат на средината на списокот со 30.000 евра годишна бруто плата.

Ако го оставиме настрана Луксембург каде годишната почетна плата во 2020 и 2021  беше над 50.000 евра само уште во две земји, и тоа Швајцарија (66.972 евра) и Германија (54.129 евра).

Годишната плата во Франција и Италија била помалку од половина од онаа во Германија.

Бугарија имаше најниска годишна почетна плата на наставници меѓу земјите членки на ЕУ, од 7.731 евра. Бројката е исто така под 10.000 евра во неколку други земји на ЕУ како Летонија, Словачка, Унгарија, Романија и Полска.

Балканските земји Црна Гора и Северна Македонија, кои се надвор од ЕУ, имаат повисоки плати на наставниците во однос на куповната моќ  неколку земји на ЕУ. Индексот на куповната моќ (2,8) е најголем за германските наставници. Црногорците се на трето место во Европа со индекс 2,5. Македонските наставници заедно со Белгијците се на средината на листата според куповната моќ на нивните плати со индекс 1,7. Најмал стандард во однос на куповната моќ имаат настаниците во Полска со индекс 1,1.

Ако е за утеха наставниците во Македонија и Црна Гора имаат највисоки плати мерено во споредба  со минималната плата во земјата. Односот се пресметува со делење на бруто наставничката плата со бруто минималната плата.

Б. Ј. / НоваТВ

Next Post

Петровска – Шарец: Словенија и Северна Македонија споделуваат иста визија за Регионот, стабилност, мир и безбедност

НАЈНОВО

Скриншот

По триумфот во Мексико, Ландо Норис го презеде водството во Формула 1

October 27, 2025
Скриншот

Трамп за победата на Милеј: Народот на Аргентина ја оправда нашата доверба во него

October 27, 2025
Фото: Х

Литванија ја затвора границата со Белорусија на неодредено време откако балони го нарушија воздушниот простор трета ноќ по ред

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk