ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев со комплименти за Владата за справување со енергетската криза, препорака да се зголемува производството на енергија

October 18, 2022 14:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата под раководство на Димитар Ковачевски заслужува комплименти за справување со енергетската криза, оцени поранешниот премиер Зоран Заев, на денешната панел-дискусија на тема „Енергетска и инфлаторна криза“ во тетово, организирана од Студентскиот парламент и студентската асоцијација на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Сега како човек од деловниот свет, тој смета дека Владата добро се справува со кризата и се произведува енергија во максимално можни граници.

Дожност ми е да дадам мислење од искуството како мене и поранешни министри и премиери се прашуваат. Можам да изразам комплименти заради тоа што еве како поранешен премиер кој заврши пред некој десет месеци можев да се кладам дека тешко ТЕЦ Неготино ќе го стават во функција. Но, еве ги двете турбини работат, Осломеј работи, двата блока во Битола работат, работи гасната електрана ТЕ-ТО во Скопје која што ја зеде државата, која е приватна ама ја управува државата, Когел работи, максимално се произведува енергија, изјави Зоран Заев.

Негова сугестија е да продолжи што е можно повеќе да се инвестира во сопствените избори на енергија. Тој рече дека како премиер сега би направил уште повеќе инвестиции во енергетиката само да има колку што може производство оти најсигурна и најстабилна енергија е домашната енергија.

Колку и да се пријателски земјите вие зависите од страна. Видовте прво што тргна премиерот Ковачевски беше да осигура од соседите дека нема да има затворање на границите за извоз од таму на електрична енергија ако треба да го обезбеиме тоа. Ако имаме доволно енергија тоа гајле го немаме. И јас како премиер можев да направам повеќе, а и поранешните премиери и Влади можеа уште повеќе да направат. Да учиме од тоа да инвестираме во енергетиката. Имаме прекрасно сонце, за фотоволтаци, имаме ветришта на некои 20-тина локации со добри мерење за ветерници, имаме можност со интерконекторот сега да имаме диверфизикација на гасот, да не зависиме само од Гаспром. Ќе ги имаме азербејџанскиот, катарскиот, американскиот гас преку интерконекторот со Грција. Па тој се развива понатаму према Косово према Србија насекаде. Тоа се вредни тековни многу драгоцени инвестиции во енергетиката кои сега се случуваат, истакна Заев.

И ректорот на УЈИЕ, Абдулменаф Беџети посочи дека зголемување на производството на енергија е најпотребната работа за државата и во иднина.

Поранешниот премиер е тука на панел дискусијата за енергетска криза и инфлација за да каже како сега од реалниот сектор како гледа на оваа криза. Потребно е да имаме што е можно повеќе енергија од нашите извори. Не се инвестира, а треба тоа да се прави. Примерот на хидроцентралата Чебрен и Галиште од каде со децении не успеваме да направиме струја е недозволив, каде имаме над 13 неуспешни тендери, рече Беџети.

Панел дискусијата, на тема „Енергетска и инфлаторна криза“, беше организирана од Студентскиот парламент и студентската асоцијација на Универзитетот на Југоисточна Европа

Next Post

Од утре почнува бесплатната вакцинацијата против сезонски грип за ризичните групи население

Shortcut

Најново

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk